Сите сакаме да останеме млади и убави, што е можно подолго. Но, со денешнава загадена околина, нездрава храна и козметика полна со хемикалии, тоа и не изгледа така едноставно.
Контрастни облоги
Одговорот е едноставен – За млад и убав изглед на кожата потребна ни е здрава исхрана, детоксикација на организмот, избегнување на хемикалии и квалитетна природна козметика.
Постои посебна техника за детоксикација на кожата со помош на облоги за чистење. Го хранат лицето и влијаат врз развојот на капиларните мрежи. Контрастните облоги за лице за лице ја регенерираат кожата и придонесуваат на интензивно подмладување, хранење на кожата и ефикасно ослободување од токсични материи во порите.
Примена: На лицето прво ставете топла облога, а потоа што е можно поладна облога. Постапката сменете ја 4-5 пети и секоја облога оставете ја по 1 минута. На крајот завршете со ладна облога. Идеално е да ја повторувате постапката 1 – 2 дневно 1 месец.
Исхрана
Сепак, за идеална кожа, неопходна е здрава исхрана. Па, ако веќе не сте го направиле тиа, внесете ги овие елементи во секојдневната исхрана и кожата ќе ви биде благодарна.
- Витамин Ц
- Зелен чај
- Омега 3
- Витамин Е
- Алги (Спирулина)
- Пивски квасец
- Семки
Козметика
Исто така, важно е да користите козметика исклучиво на природна база бидејќи нема да ја загадува кожата. Внимавајте да нема бои, конзерванси, табилизатори и емулгатори кои го трујат организмот, ја сушат кожата и предизвикуваат алергии.