3 маски кои ќе ви помогнат да ја спречите појавата на бели влакна

За густа и сјајна коса консумирајте храна богата со есенцијални омега масни киселини, како што се маслиновото масло, авокадо и разновидни јаткасти плодови и семки, храна богата со витамини Б и Е, магнезиум и цинк. Обидете се и со маските кои во источните земји традиционално се користат за  одложување на појавувањето на бели влакна.

five_musthave_essential_oil

МАСЛА

Косата станува сува со возраста, потенка, влакната растат побавно, лесно се скрши и го губи својот сјај. За да го вратите сјајот на косата двапати неделно користете маска, чии главни компоненти се  високо квалитетно масло и путер

Посилната масажа на главата со природни масла се покажа како добра алатка во борбата против сивата коса. Различните масла може да ги користите самостојно или во комбинација со други. Најпопуларно е на кокосовото масло, но ефикасно е и бадемово, маслиново, рициново и маслото од јојоба. Рузмариновото масло е се повеќе популарно за затемнување на косата. Доволно се само неколку капки.

Третманите со масло применувајте ги двапати неделно, а посакуваните резултати ќе бидат видливи по еден месец. Исто така, во текот на летото, поради сонцето и хлорираната вода, сивата коса знае  да добие жолтеникава нијанса. Жолтата нијанса ќе ја неутрализирате со посебни, т.н. сребрени шампони со сини и виолетови пигменти, или шампон на основа на жалфија.

8d347-manfaat-minyak-zaitun

МАСЛИНОВО МАСЛО

На безживотната сива коса, сјајот и силата ќе и ги вратите со маска на база на маслиново масло и мед, која треба да ја применувате еднаш неделно. Измешајте еднакви количини на масло и мед, нанесете ја смесата на коренот, ставете пластична кеса , а потоа топла крпа и по половина час, исплакнете и измијте ја косата со шампон.

Истата постапка може да се примени со сок од лимон, кој ќе го измешате со кокосово масло и втријте го на вашата коса. Овој природен третман е подеднакво ефикасен и за спречување на белеење на косата и губење на косата, исто така и за враќање на здравиот изглед на косата.

ground-black-pepper

ЦРН БИБЕР

Измешајте 1гр црн бибер, половина чаша јогурт, половина лажичка сок од лимон и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата и држете  ја половина час, а потоа исплакнете. Правете го ова два пати неделно. Ова ќе ви  помогне да ја вратите потемната боја на косата и да ја спречите натамошната појава на сивата коса.