Како да знаеш дека имаш замастен црн дроб?

Уморен си, имаш намален апетит, се чувствуваш безволно и деконцентрирано? Ниту на крај памет не ти паѓа дека можеби на твојот најголем внатрешен орган му е потребна малку помош.

Зборуваме за црниот дроб – Машината во човековото тело која мора постојано да работи со максимална снага. Со преку 500 функции, црниот дроб има улога да ги разградува, складира и сортира сите материи кои минуваат преку крвта.

А освен хранливите материи, во крвотокот шетаат и токсини од различни извори – масна храна, стрес, пушење, алкохол, штетен воздух.

ЦРНИОТ ДРОБ ИМА УЛОГА ДА ГО ПРОЧИСТУВА ОРГАНИЗМОТ ОД ШТЕТНИТЕ ТОКСИНИ.

Но, како и секоја машина, така и црниот дроб почнува да откажува кога ќе се преоптерети. Откажувањето започнува наивно и бавно, честопати без видлливи симптоми.

 

ЗАМАСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Една од најчестите болести на црниот дроб е замастувањето. Се јавува како резултат на таложење на масти на хепатоцитите (клетките на црниот дроб). Црниот дроб го намалува капацитетот на работа, неговите клетки стануваат сѐ пооштетени, се појавуваат лузни и оштетувања на ткивото на црниот дроб.

Ваквиот крај води до изумирање на црниот дроб и не е во состојба да го прочистува телото од токсини.

Замастување на црниот дроб е заболување кое го носи името стеатоза. Ова е првата фаза од наталожувањето на мастите.

Симптоми: Абдоминална болка на горниот десен агол во стомакот. Гадење и губење апетит, жолтеникава кожа, отоци на екстремитетите, екстремна ментална конфузија, слабост.

Во втората фаза од болеста доаѓа со воспалување на црниот дроб поради вишокот масти и се нарекува стеатохепатит.

Симптоми: Лесно крвавење и помодрување, чешање, жоленикава кожа и белки, акумулација на течности во абдоменот. Намалување на апетитот, гадење, отоци во нозете.

Константнното воспаление предизвикува лузни на црниот дроб и околните крвни садови, кои доколку не се третираат може да бидат фатални.

Оваа трета фаза на болеста се нарекува фиброза, а во неа црниот дроб, иако забавено, сѐ уште ги обавува своите функции.

Симптоми: Губење апетит, дезориентираност и деконцентрација, акумулаиција на течност во абдоменот, жолтица, гадење, губење на тежина, слабост.

Подмолноста на болеста не дозволува така лесно да ја забележите оваа внатрешна промена па воспалението може да трае долго време.

Ваквото долгогодишно воспаление на црниот дроб, кое тлее и ги уништува хепатоцитите (здравите клетки) почнува да го намалува црниот дроб во обем и негова функционалноста, па во четвртата фаза од развојот на болеста (цироза) органот полека најчесто изумира.

Симптоми: Голем замор и слабост, гадење, намален апетит, губење на телесна и мускулна маса, разгранети видливи капилари на кожата над половината. Повраќање крв, чешање, крвавење и лесно помодрување, подуеност.

Лесно може да се забележи дека симтомите меѓу фазите на болеста не се разликуваат драстично. Токму затоа, многу е важно да му обрнеш внимание на својот црн дроб. Здравата исхрана, вежбањето, откажувањето од пушење и алкохол може значително да го подобри здравјето на твојот црн дроб. Но, стресот и надворешните влијание сепак ќе си го земат својот данок.

Затоа, тука е Liver Detox на Dr. Viton! Спој од 13 моќни природни прочистувачи на црниот дроб. Liver Detox во својот состав содржи дури 80% силимарин од екстракт од бел трн, артичока, екстракт од корен од глуварче, холин, шисандра, корен од ѓумбир, цикорија, екстракт од куркума и бибер.

Моќната формула во Liver Detox има хепатопротективни, антиоксидативни и антивоспалителни својства, а состојките го прочистуваат црниот дроб, не дозволуваат мастите да ги окупираат хепатоцитите, ја зголемуваат енергијата и ја подобруваат работата на црниот дроб.

Dr. Viton Liver Detox е наменет за луѓе кои се грижат за своето здравје, кои го ценат своето тело и го сакаат животот. Заштити го црниот дроб и целиот организам од штетни материи и токсини и внеси го богатиот состав на Liver Detox во твоето секојдневие.

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го нарачаш онлајн на  https://alfalab.mk/proizvodi/liver-detox/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.