И тоа е можно. Но, не навалувајте на хамбургери и слатки.
1. Изедете десерт
Да, секогаш. Само мала количина слатки дава до знаење дека оброкот е завршен. Така, наместо уште еднаш да го наполните тањирот, изедете неколку коцки чоколадо.
2. Направете мустаќи
Но, од млеко. Потрошувачката на 1800 милиграми калциум дневно ја блокира апсорпцијата на 80 калории. На пример, ако направите инстант – кафе со млеко без маснотии, веќе сте испиле 300 милиграми калциум. Уште само 1500….
3. Јадете луто
Капсаицин (Capsaicin), материја која му ја дава лутината на биберот, го забрзува метаболизмот. Значи, додадете го на секое омилено јадење.
4. Задржете ја кората
Во кората на овошјето и зеленчукот, особено во доматите и компирот, има многу влакна.Тие дури се наоѓаат и во кората на портокалот – секако дека нема да ја изедете целата кора, но слободно изедете ја онаа бела внатрешност од кората – преполна е со здрави флаваноиди.
5. Грицки ? Слободно !
Сепак, заборавете на чипс, бисквити, вафли и слично. Грицкајте свеж зеленчук. Вие не сте баш љубител на зеленчукот? Решение на проблемот – имајте го секогаш при рака и диетата сама ќе тргне…