Со диетата со бавени јаглени хидрати може да се изгуби и до пет килограми во еден месец. Покрај промени во режимот на исхрана од суштинско значење се и физичката активност и земањето додатоци во исхраната . Оброците распределете ги така што ќе јадете приближно на секои четири часа.
Пет основни принципи на оваа диета се: избегнување бели јаглехидрати, јадете иста храна одново и одново, да не пиете калории, не јадете овошје и еднаш неделно јадете што сакате.
Диетата трае четири недели. Секој седми ден од диетата, односно еднаш неделно, може да се почестите со се што сакате – буквално! Јадете тоа што сакате во неограничени количини. Со диетата со бавни јаглени хидрати го губите вишокот вода, а со тоа можете да изгубите електролити, поради што би требало да земате калиум, магнезиум и калциум.
Овие минерали може да се земаат или како додатоци во исхраната или преку храна. Калиумот може да го најдете во грав, цвекло, леќа и лосос, калциум во сардини, тофу сирење и спанаќ, а магнезиум во кикирики, бадеми и варена соја.
Исфрлањето на млечните производи од исхраната може драстично да го забрза губењето на масното ткиво. Единствен исклучок е свежото сирење кое не влијае на влијанието на друга храна, висок процент на казеин, исто така, придонесува за губење на мастите. Месото ја олеснува диетата, но не е задолжително.
Избегнувајте ги белите јаглехидрати: леб, ориз ( вклучувајќи го и кафеавиот ), житарици, компири, тестенини, тортиљи и пржена храна. Јадете неколку исти оброци одново и одново. Важно е првиот оброк во денот да го изедете најмногу еден час по будењето.
Храна што можете да ја консумирате е:
протеини,
белки од јајца ( оние кои немаат покачен холестерол дозволено е до две жолчки од јајце по ден ),
пилешки гради или батаци,
говедско месо,
риба,
свинско месо,
мешунки,
леќа,
црн грав,
црвен грав,
соја,
зеленчук,
спанаќ,
мешан зеленчук,
кисела зелка,
зеље,
грашок,
боранија.
Кога станува збор за физичката активност мотото на оваа диета е ” помалку е повеќе “, бидејќи тоа често одење во вежбална во може да предизвика загуба на мускулната маса. Погрижете се на ” денот на прејадување “, неколку минути пред јадење 60 – 90 секунди правете чучњеви.
За подобро функционирање на црниот дроб, потребно е да се пијат повеќе течности, особено на ” денот на прејадување “. Пијте многу течности – вода и незасладен чај во неограничени количини, а дозволено е и кафе, се разбира, без млеко. Избегнувајте ги овошните сокови, а диеталните безалкохолни пијалаци ограничете ги на половина литар дневно. Дозволено е и да се испијат до две чаши црвено вино на ден.
Од овошје, се препорачува само конзумирање на авокадо. Други видови овошје да се избегнеуваат, со исклучок на седмиот ден од диетата, кога ви е дозволено да јадете што сакате.
Поточно, драстичното зголемување на калории еднаш неделно, всушност, го забрзува губењето на масно ткиво бидејќи со тоа вашиот метаболизам не страда поради ограничувањето на калории.