Ако нивото на шеќерот во текот на бременоста е доста високо тогаш имате гестациски дијабетес. Најчесто тој проблем се’ враќа во нормала кога бебето ќе се роди.
Високото ниво на шеќер во крвта може да создаде проблеми како на вас така и кај вашето бебе.
Бебињата најчесто имаат поголема породилна тежина кога мајката има гестациски дијабетес, што може да предизвика проблеми во текот на породувањето.
Исто така вашето бебе може да се роди со ниско ниво на шеќерот во крвта. Но, со лечење повеќето жени кои имаат гестациски дијабетес можат да го контролираат нивото на шеќер и да ја одржат бременоста здрава.
Жените кои имале гестациски дијабетес поверојатно е дека во подоцнежниот период од животот ќе развијат дијабетес тип 2.
Сепак можете да го ублажите дијабетесот со начинот на живот, така што ќе одржувате идеална тежина, ќе се храните здраво и ќе бидете физички активни.
Што го предизвикува гестацискиот дијабетес?
Панкреасот го произведува хормонот инсулин. Инсулинот му помага на вашиот организам правилно да го користи и складира шеќерот од храната. Овој хормон го одржува во рамнотежа нивото на шеќер во крвта во соодветен оптег.
Во текот на бременоста плацентата создава хормони кои ја отежнуваат работата на инсулинот. Тоа се нарекува инсулинска резистенција.
Бремените жени може да добијат дијабетес кога панкреасот не може да произведе доволно инсулин за да го одржи нивото на шеќер во крвта во нормален оптег.