Вкусни и слатки маски за лице кои можете да ги изедете, но и да ја подмладите кожата

Дали знаевте  дека бананата ја штити кожата од слободните радикали, а со тоа го одложува стареењето? Покрај тоа, таа е богата со витамини, и достапна е за нас во текот на целата годината. Искористете ги сите предностите од бананите и  направете природна маска за лице.

Ви предлагаме 5 маски за разубавување, направени од ова овошје, кои на вашето лице ќе му го вратат сјајот и природното руменило:

1. Маска од банана

Бананата се пасира и се нанесува на лицето и вратот. Оставете ја стои од 10-15 минути, а потоа исплакнете се со ладна вода. После тоа кожата можете да ја масирате со коцки мраз.

2. Маска од банана и мед

Испасирајте половина банана а потоа додадете една лажица мед. Добро промешајте и маската нанесете ја на мокро лице и врат. Оставете ја да делува најмалку 15 минути. Измијте го лицето со вода нежно тапкајќи. Нанесете хидратантна крема и веднаш ќе ја воочите разликата.

3. Маска од банана и овес

Изблендирајте половина чаша овес и една банана. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 10-15 минути . Нежно масирајте ја кожата во текот на миењето. Оваа маска ќе ги отстрани сите митисери и мртви клетки од кожата, а вашиот тен ќе стане изедначен.

2445-12021Z13J070

4. Маска од банана и природни масла

Бананата и природните масла, како што се бадемово или маслиново, се одлична комбинација за природна нега на кожата .Испасирајте ја бананата и додадете една лажица од кое било  природно масло што ви се допаѓа. Измешајте добро и нанесете ја маската на кожата на лицето. Измијте се по 10-15 минути.

5. Маска од банана и млеко

Земете една банана и посипете ја со една лажица млеко. Добро испасирајте и нанесете ја смесата на лицето. Оставете ја да делува 10-20 минути. Откако ќе се измиете ќе ви се врати природното руменило на лицето без да употребувате шминка.