За време на сувите зимски ветрови, се надеваме дека редовно користите крема за хидрирање на кожата на лицето и рацето. Но, не ја потценувајте моќта на студениот ветер кога станува збор за кожата на скалпот. Еве неколку начини како се ослободите од здодевното чешање или лупење и појава на первут:
Ексфолијација: исто како на кожата на телото, така и кожата на скалпот бара темелно лупење на мртвите клетки. Користете маска за пилинг на косата барем еднаш неделно.
Користете тоник: За да спречите појава на црвенило и лушпи на темето, користете тоник на природна база. Тоникот навлегува длабински и ја чисти кожата и делува антивоспалително.
Користете медицински шампони: Обичните шампони се полни со хемикалии кои ја менуваат pH вредноста на темето и го сушат. Медицинските шампони и самуни на база на катран се вистински пријател на вашата коса.
Убавината почнува однатре: За да очекувате само со надворешен третман да имате природна и здрава коса, треба да сте во голема заблуда. Многу е важно да внесувате витамини и омега -3 масни киселини, кои се достапни не само преку исхраната туку и со суплементи.
Нанесувајте масло: Има многу есенцијални масла на пазарот, кои буквално ја обожуваат вашата коса. Нанесете масло од кокос и јојоба и вашата коса ќе ви биде благодарна
Внимателно со регенераторот и маските: Слободно нанесувајте регенератор и маски од средината кон врвовите. Но, изоставете го темето, бидејќи регенераторот е наменет за сува коса, а не теме. Со нанесување регнератор на темето, само му штетите.
Консултирајте се со лекар, ако е потребно: Често пати кога алтернативно не можете да се справите со темето на главата, време е да побарате помош од лекар. Најверојатно ќе добиете третман со стероиди или кортизол, а во некој случај дури и антибиотик. Сè се поздрава коса!