Цимет лек за дијабетес тип 2

Циметот го намалува и одржува нивото на шеќер во крвта, па затоа се употребува кај пациенти со дијабетес тип 2 кои се на терапија со орални антидијабетици.

Циметот делува и на органите за варење. Го олеснува варењето на храната, помага при надуеност во стомакот, грчеви и гасови. Поради присуството на танини може да се употребува и при појава на диареа.

Поради позитивните ефекти, циметот доста се користи во традиционалната и кинеската медицина. Традиционалната медицина го истакнува неговото влијание врз регулацијата на телесната темпаратура. Поради тоа се користи за олеснување на тегобите при грип и настинка, како при намалена циркулација во екстремитетите. Делува антивоспалително, па се користи за намалување на болки во мускулите и зглобовите, како и при менструални болки.