Во литературата – како во стручната така и во популарната, веројатно нема да се сретнете со терминот “татковски инстинкт”. Од друга страна “, мајчински инстинкт” е термин кој е широко прифатен и се користи многу често.
Тој ја означува врската меѓу мајката и детето, а оваа врска понекогаш се смета за толку силна што таа може да биде и телепатска (мајката ги чувствува детските стравови, без разлика што не е присутна).
Иако се верува дека мајчинскиот инстинкт “е задолжителен”, односно дека го имаат сите жени – првенствено затоа што бебето поминало повеќе месеци во стомакот на мајката, како и големата блискост на бебето со мајката … Но, тоа не е така. Да заклучиме: ниту е мајчинскиот инстинкт е вроден, ниту пак можеме да тврдиме дека не постои татковски инстинкт – само затоа што не се споменува во литературата.
Родителството е привилегија, но не само за мајката, туку и за таткото. Сепак, дали и до кој степен татковците ќе бидат добри родители, зависи од многу фактори. Пред се, од нивните емоции кон детето, потоа од животната средина во која тие израснале, т.е од сопствените искуства во детството, во поделбата на обврските, од обичаите и средината, во која денес ги подигнуваат нивните деца …
Сепак, колку таткото е активен во воспитувањето на децата, во најголем дел зависи од односите помеѓу него и мајката. Со други зборови, кога мајката и таткото се еднакви партнери, и кога мајките ќе признаат дека татковците подобро ги прават некои работи поврзани со бебето се развива позитивен став за активно учество на татковци во воспитувањето на децата.
Ако ги погледнете позитивните примери од својата средина – ќе видите колку има прекрасни татковци. Нивниот однос кон децата е толку добар што може да се каже дека имаат силен татковски инстинкт.
За разлика од нив, некои мајки (од кои родителскиот инстинкт се очекува), даваат впечаток дека во своето родителство воопшто не се снаоѓаат. Се разбира, постојат и оние мајки, кои се апсолутно прекрасни, а немаат “телепатска” поврзаност со своите деца.
На кратко: на фактот колку сте добри како родители – не влијае дали ги имате споменатите инстинкти.
Исто така, со оглед дека не сте станале родители во оној момент кога сте се родиле, неблагодарно е да се зборува за мајчински и татковски инстинкти како вродени.