Зошто е добро да ги вклучите децата во домашните обврски?

Домашни обврски: Малкумина милуваат да ги сработат, добро, освен тазе мајките кои попрво би бришеле прашина отколку да го чуваат малечкото уште цели 2 часа на изминатите 9. Но, за нештата да течат непречено и плус семејството да остане здраво, пожелно е домот да се средува. 

Ваквиот терет најчесто паѓа на возрасните, иако, дел од родителите свесно и намерно ги вклучуваат и своите дечиња. Други пак се на ставот дека таквата пракса само им го скратува детството на децата кои се помалку си играат.

Одлуката дали ќе ги вклучите децата во домашните обврски е само ваша и никој нема право да ви суди. Но, ако слободното време на детето резервирано за игра подразбира дружба со телефонот, тогаш подобро ангажирајте го макар и во домот.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Патем, еве уште неколку добри прични зошто вреди да пробате:

Домашните обврски ги учат децата на животни вештини

Еден ден, децата ќе пораснат и ќе треба да заминат од дома подготвени да се соочат со машината за садови, кујната и уште поважно, водење на буџетот. Овие нешта не се стекнуваат на училиште, затоа уште поважно е да ги стекнат дома. Детето кое никогаш не посведочило или учествувало во подготовка на оброк, многу е веројатно да не стекне здрави навики во исхраната.

Домашните обврски ги учат децата на тимска работа

Да се биде дел од тим и да се почитуваат одговорностите што ги носи самото членство, вклучувајќи ги и казните за неизвршениот дел од обврските, е клучна лекција што детето лесно ќе ја научи во сабота, кога сите заедно го чистите домот. Можеби нема да ви успее од прва, но бидете сигурни дека детето ќе се чувствува виновно ако само тоа седи, додека сите други работат.

Домашните обврски ги учат децата да бидат одговорни

Ако детето има една иста задача на пример, да ја средува својата соба или играчките, постепено тоа ќе стекне одговорност и никогаш нема да дозволи вие да ги собирате играчките место него. Од друга страна, тоа ќе стане свесно дека може да се потпре на себеси, а тоа ќе му ја подобри самодовербата. Ова особено е важно за машките деца – не би сакале да пораснат во мажи кои редовно ја доведуваат во прашање рамноправноста во домот, нели?

Домашните обврски ги учат децата да ве почитуваат

Поточно, да го почитуваат вашиот труд. Кога станавте свесни колку им било тешко на вашите родители, кога и вие станавте родители? Епа забрзајте го процесот – откако децата ќе треба да средат се што растуриле, мали се шансите толку многу да растурат следниот пат. Сепак, бидете внимателни, ако вашето дете е мрзеливо по природа, можно е да одбива да си игра со играчките само за да не мора да ги собира. И тоа не е во ред, затоа понудете му ја вашата помош додека да стекне навика да работи.

Домашните обврски ги учат децата да го планираат времето

И сами знаете, денот носи милиони обврски кои треба да се сработат во одреден рок. Ако ги ставите децата, особено тинејџерите, во позиција да жонглираат со училиште, курсеви, социјален живот, домашни обврски, тие уште рано ќе стекнат клучна вештина позната како: менаџирање на времето и почитување на роковите. И во овој дел треба да бидете особено внимателни, не дозволувајте детето да биде пренатрупано со обврски и да потфрли во поважните.