ЗНАЕТЕ ЛИ КАКО ВСУШНОСТ ФУНКЦИОНИРА ИМУНИТЕТОТ

Зборот  имунитет денес стана своевиден синоним за здравје, а советите и начините како да се зајакне стануваат посебно актуелни во текот на студените месеци во годината. Но, иако имуниот систем навистина може да биде поангажран во зимските месеци, тој всушност е активен во текот на целата година и континуирано обезбедува стабилно функционирање на организмот и заштита од заканите по нашето здравје.

Имуниот систем е природна одбрана на телото и составен е од мрежа на различни клетки, ткива и органи кои заедно работат на препознавање и елиминирање на потенцијално штетните туѓи тела како бактерии, вируси, паразити, габи и било кое друга закана која би можело да ни го наруши здравјето.

Имуниот систем не штити на начин да прво создава бариера која спречува антигените или туѓите тела да влезат во организмот, а ако во тоа не успее, покренува производство на бели крвни клетки или леукоцити кои ги напаѓаат и уништуваат надворешните закани.

Кога ќе се разболиме, тоа значи дека нашиот имун систем не успеал да го пронајде и уништи туѓото тело пред тоа значајно да се репродуцира, па затоа во тој момент имунитет работи забрзано, произведувајќи леукоцити со цел да ја уништило заканата за организмот.

Имуниот систем е способен да препознае милиони различни антигени и може да произведе потребни материи за да ги уништи речиси сите нив, но одредени фактори може да го ослабат нашиот имун систем и да го направи подложен на инфекции.

На пример, начинот на кој го поминувате слободното време, колку сте под стрес, колку често внесувате течности во организмот, колку се движите и сте физички активни, па дури и квалитетот на воздухот што го дишите може да влијае на имуниот систем.

Исхраната влијае на развојот на имуниот систем уште од развојот на фетусот. Есенцијални масни киселини, витамини, минерали и антиоксидантите се клучни за одржување на здрав имун систем.

Недостатокот на висококвалитетни нутриенти ја намалува способноста на организмот да создава антитела, важни компоненти на одбранбениот механизам и може да предизвика “неповратна штета“ на здравјето на целиот систем.

За правилна работа на нашиот одбранбен механизам неопходно се смета присутноста на цинк, витамин Ц, Е, Б6, магнезиум, омега-3 масни киселини, од причина што клетките на имуниот систем се особено чувствителни на оксидативните оштетувања.