Знаете ли дека некои раси на кучиња го намалуваат стресот?!

Сигурно имаш слушнато дека кучето е најдобар човеков пријател, но дали знаеш дека кучето има моќ за да ти го отстрани стресот и да те ослободи од анксиозноста?

Неодамнешните студии имаат потврдено дека кучињата навистина имаат позитивно дејство врз менталното здравје на луѓето, и особено се од помош во случаи на анксиозност, депресија и потреба за здраво справување со стресот.

Докажано е дека кога човекот ќе направи емотивна врска со кучето, таа врска е многу слична на онаа која се формира меѓу луѓето.

Со други зборови, кога сме вознемирени, анксиозни или под стрес, нас ни е потребно да сме околу други луѓе, зашто понекогаш и самата близина смирува. Истото се случува и кога го делиме нашиот простор за живеење со куче.

Сите кучиња го имаат ова позитивно дејство врз луѓето, но според експертите, некои раси на кучиња се сметаат за најдобри во поглед на намалување на анксиозните чувства и за ослободување од стресот.

Најдобрите 3 раси:

Њуфаундлер

Њуфаундлерот честопати се нарекува и Нежен џин затоа што е доста крупен и може да тежи од 45 до 75 килограми. Има мирен и лојален карактер и сака да се гали, а надворешно е многу сладок и наликува на мече.

Овие кучиња сакаат да пливаат, а бидејќи водата секако се препорачува како одличен начин за борба против стресот, кој не би посакал анти-стрес милениче кое истовремено може да биде и негов партнер за пливање?

Велшки корги

Овие кученца се мали и симпатични и доста приврзани за својот сопственик, многу се лојални и одлични миленичиња за одржување на позитивната енергија во домот. Ако кралицата може да ги има зашто не би можел и ти?

Бернардинец

Овие џиновски кученца според некои експерти се дефинитивно најдобриот избор за сите оние што патат од анксиозност. Тие се како огромни крзнени топки кои се и повеќе од слатки, преполни со љубов и доста приврзани, многу паметни и заштитнички настроени кон своите сопственици, кон домот, а особено кон децата.

Дури и да вдомиш кученце, без педигре или од улица, нема да погрешиш! Се што треба да направиш е да му дадеш љубов, а барем кај животните сме сигурни дека љубов со љубов се враќа.