Здрав домашен помфрит… супер крцкав!

Сигурно ви недостасуваат малите пржени компирчиња од рестораните за брза храна. Иако знаете дека не се здрави сепак тешко кој може да им одолее. Сакате рецепт за здрави крцкави компирчиња? Повелете во продолжение…

Што ви е потребно:

  • 5 големи компири
  • коцки лед
  • маслиново масло
  • оригано зачин
  • сол и црн пипер

Внимателно излупете ги компирите и исечкајте ги на тенки парчиња дебели 1цм, а доколку сакате може и потенко. Потоа земете голем сад и наполнете го со ладна вода и ставете коцки лед, а потоа потопете ги исечените компири во садот и оставете ги да постојат околу 10 минути.

По 10 минути извадете ги компирите и убаво исушете ги на чиста кујнска крпа за да се впие водата. Ставете ги во нов сув сад и убаво попрскајте ги со маслиново масло и оригано. Гледајте маслото да биде убаво распоредено на сите парчиња.

Земете голема тава за печење на која претходно ќе поставите хартија за печење и убаво распоредете ги компирите. Откако ќе ги наредите компирите во тавата попрскајте повторно со маслиново масло и ставете сол и црн пипер по желба.

Печете 15 минути потоа проверете како се испечени може и малку да ги промешате доколку од едната страна се повеќе испечени, вратете ги повторно во рерна и печете уште максимум 15 минути.

Резултатот е домашно подготвени вкусни крцкави компирчиња!
Уживајте!
Добар апетит!