Започнeте го утрото со неверојатните шејкови со SuperMagma

Зелените сокови се повторно во мода! Ако вашето „добро утро“ ги содржи пченичната и јачменовата трева, еве неколку рецепти како да уште повеќе да уживате во различни вкусови и бои, а да внесувате здравје.

Пченичната и јачменовата трева се нектарот за подмладување, плазма на младоста, еликсир на животот. Елементите кои придонесуваат за ефективна работа на организмот како ензими, витамини, киселини и хормони, се достапни преку секојдневно внесување на овие зелени дарови на природата. Пченичната и јачменовата трева е докажан извор на здравје кај луѓето одамна, а „зелените сокови“ ги враќаме во мода од 40те години на минатиот век и ги лансираме повторно да ви го разубават утрото.

Сокот од пченична и јачменова трева, заедно со сите 12 различни витамини во својот состав, како дел од вашето секојдневие ќе ви помогнат во прочистување на лимфниот систем, подобрување на составот на крвта, ќе ви го вратат балансот на телото. Исто така, активно го детоксицираат организмот, а се грижат и за здравјето на бубрезите.

Па, отворете ги портите на здравиот живот и посакајте му добредојде на сокот од пченична и јачменова трева за да го започнете поубаво денот. Иако, дозволува да си ја разбудите креативноста, па да го комбинирате на илјадници начини, за почеток испробајте ги следниве:

Бадемово уживање

  • 250 мл. Бадемово млеко
  • 1 банана
  • 1 лажица SuperMagma – пченична и јачменова трева во прав

Ставете во блендер, мешајте додека не се соедини, сервирајте и уживајте!

Црвено задоволство

  • 250 мл.Млеко
  • 220 гр. Свежи јагоди
  • 1 лажица SuperMagma – пченична и јачменова трева во прав

Ставете во блендер, мешајте додека не се соедини, сервирајте и уживајте!

Овошен микс

  • 250 гр. Свежо овошје
  • 1 банана
  • 250мл. Млеко
  • 1л. SuperMagma – пченична и јачменова трева во прав

Ставете во блендер, мешајте додека не се соедини, сервирајте и уживајте!

Детокс смуди

  • 250мл. Сок од брусница
  • 1л. SuperMagma – пченична и јачменова трева во прав

Ставете во блендер, мешајте додека не се соедини, сервирајте и уживајте!

Зелен енергетски шејк

  • 170гр. Ананас
  • 170 мл. Свеж сок од портокал
  • 1 помала банана
  • 1л. SuperMagma – пченична и јачменова трева во прав

Ставете во блендер, мешајте додека не се соедини, сервирајте и уживајте!

 

unnamedaaa

baner prodazni mesta