Вегетаријанско задоволство за антивегетаријанци – 4 брзи рецепти

Ако сте љубопитни и со изострен вкус, повелете на оваа здрава и вкусна вегетаријанска трпеза.

Салата од домати, моцарела и црвен кромид

Потребно:

  • 8 зрели домати , сецкани
  • 6 чери домати , преполовени
  • 1 глава мал црвен кромид, лупен и сецкан
  • грст лисја босилек
  • екстра девственото маслиново масло
  • сол и свеж црн бибер
  • неколку листови рукола
  • балсамик оцет
  • 2 топки моцарела

Подготовка:

Ставете ги доматите, кромидот и листовите босилек во сад. Ставете повеќе маслиново масло, додадете сол и бибер и мешајте. Поставете ги листовите рукола на чинија за сервирање и додадете малку маслиново масло и оцет. Додадете ја мешавината од садот и наросете со сол и бибер. На крај додајте ја моцарелата. Послужете веднаш.

Вегетаријански лазањи

Потребно:

  • 1/2 долгнавеста тиква
  • 1 голем модар патлиџан
  • 4 домати
  • 1 конзерва исечкани домати
  • 1 пакување лазањи
  • 300 грама биено сирење
  • Сол, бибер и маслиново масло

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на кругови и убаво зачинетесо сол, бибер и маслиново масло.Три од доматите сечкајте ги на коцки и мешајте ги со сечканите домати од конзерва.Четвртиот домат сечете го на кругови.Сечкајте околу 200 грама од сирењето, а остатокот ќе го изрендате на крај.Коцките тиква варете ги околу 15 минути додека да омекнат, а потоа печете ги парчињата модар патлиџан. Лазањите наредете ги на тава премачкана со масло. Одозгора ставете од тиквата, па 40% од доматите и половина од сирењето исечкано на коцки. Додадете го вториот слој лазањи. Врз него ставете го модриот патлиџан, 40% од доматите и остатокот од коцките сирење. Најгоре ставете еден сечкан домат. Над третиот слој од лазањите и она што остана од доматите, рендајте сирење. Печете во рерна 15 минути на 180°С. Потоа покријте ги лазањите со фолија и печете уште 30 минути.

Палачинки од јаболка

Потребно:

  • 2 јајца, добро изматени
  • 1/2 шоља млеко или јогурт
  • 2 шољи брашно
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 шоља шеќер
  • 3 јаболка со средна големина, лупени и рендани
  • цимет, по желба
  • масло
  • шеќер во прав

Подготовка:

Во длабок сад мешајте ги млекото и јајцата. Во помал сад, мешајте ги брашното, прашокот за  пециво, солта и шеќерот. Мешајте ги течната и сувата смеса заедно. Ставете ги ренданите јаболка. Зачинете со цимет, по желба. Во тавче ставете масло да се загрее. Со лажица земете од смесата и обликувајте мали палачинки. Пуштете ги во тавчето и оставете ги на оган две до три минути на секоја страна, додека не бидат румени. Готовите палачинки од јаболка наросете ги со шеќер во прав и служете ги топли.

Сладок крем од тикви

Потребно:

  • 1кг. Тиква
  • 1 лажица кафен шеќер
  • ½ шоља суво грозје
  • ½ шоља мелени ореви

Подготовка:

Откако ќе исчистите тиквата и ја исецкате на парчиња, ставете ја дасе пече додека не омекне. Кога ќе се излади, ставете јаво блендер заедно со шеќерот и мешајте додека не се соединат. Додајте ги сувото грозје и оревите, промешајте и послужете.