Западен балкан е идеален за раѓање и развој на децата

Резултатите од последната анкета од страна на Обединетите нации (ОН) за состојбата на децата во светот за 2013 -та година покажаа дека земјите од Западен Балкан се на самиот врв во светот според условите во кои децата живеат.

Истражувањето на ОН покажа дека земјите од Западен Балкан на светската листа се меѓу областите кои на децата им нудат најдобри услови за живеење.

Според стапката на смртност на деца под пет години, што УНИЦЕФ ја толкува како најдобар показател за благосостојбата на децата,  најдобро рангирана земја на балканскиот регион е Хрватска, каде на 1.000 деца под пет години умираат пет деца.

Веднаш по Хрватска доаѓаат Србија и Црна Гора , каде на 1000 деца под пет години, во просек, умираат седум од нив, а ги следи и Босна и Херцеговина каде на 1.000 деца под пет години во просек умираат осум деца.

Земјите од Западен Балкан според наведената листата на УНИЦЕФ се во врвот на светот, а зад себе ги оставиле , на пример Русија, Бугарија, Романија и Бразил. Според истражувањето од страна на ОН, најлошо-рангираните земји во регионот се Македонија, каде што на 1.000 деца под пет години умираат 10 и Албанија, каде што тој број е 14, пренесува  Анадолија.

Сите земји од регионот имаат далеку поповолни просечна стапка на смртност на деца под пет години во споредба со светскиот просек, бидејќи, според најновите податоци на ОН , на 1000 деца под пет години умираат 51 дете.

Најдобро место во светот за раѓање на децата е Лихтенштајн, каде на 1000 деца под петгодишна возраст умира едно дете. Веднаш по Лихтенштајн е Сан Марино, Шведска, Словенија, Сингапур, Португалија, Норвешка, Луксембург, Јапонија и Исланд.

Според истражувањето од страна на ОН, најлошо место за раѓањето и развојот на децата во Европа е Грузија, каде на 1000 деца под пет години во просек умираат 21 и Ерменија со стапка на смртност од 18 деца на 1.000. Според истражувањето од страна на ОН, од 20 најдобро рангирани земји во светот, 17 се европски, што значи дека Европа е најдобар континент за раѓање и благосостојбата на децата.

Од друга страна,  најлошо рангираните земји се Сиера Леоне, каде на 1000 деца под пет години во просек умираат 185, Сомалија 180, Мали 176, 169 Чад и Конго со 168 деца кои умираат.

Од 20 најниско рангирани земји во светот на листата на ОН, 19 се африкански, што значи дека Африка е континент веќе многу години со најлоши услови за раѓање и развој на децата.

Меѓу другите земји во светот, Германија е во самиот врв, каде на 1000 деца под пет години, во просек умираат по четири деца , а нешто полошо рангирани се Велика Британија со 5 и САД 8 деца.

Гледано според региони, по Јужна Америка, каде што на 1.000 деца под пет годишна возраст во просек  умираат 19, следи Европа со 21, Централна Азија со 36, Јужна Азија со 62 и Африка со 109 деца.

Резултатите од последната анкета од страна на Обединетите нации (ОН), за стапката на смртност на деца под пет години се добиени врз основа на стапката на смртност на доенчињата и децата под пет години.