Луѓето често ги употребуваат зачините за да и дадат посебен вкус на храната. Има многу различни видови на зачини, а вкусовите се индивидуални. Нешто за што денеска ќе дискутираме е нивната лековита моќ, односно кои зачини имаат својство да бидат благопријатни за организамот?
Цимет
Одличен зачин. Делува превентивно против кардио-васкуларни заболувања но и против дијабет. Според најновите истражувања направени од Американските научници, циметот може да го снижи нивото на шеќер за 20 %. Освен тоа циметот има и антифунгално својство т.е може да ги уништи габичните инфекции или да го спречи нивниот раст.
Ловоров лист
Ретко кој го употребува, меѓутоа на сите им е познат. Па можеби е и време да почнете да го употребувате почесто бидејќи е одличен антисептик, ги лекува проблемите со желудникот и ја потикнува правилната дигестија. Ловоровиот лист е препорачлив во месната исхрана бидејќи содржи ензими кои ќе го подобрат варењето.
Чили
Одличен зачин, многумина едноставно го обожаваат, а ако и вие сте еден од нив не грижете се бидејќи чилито е одличен, вкусен и здрав зачин. Чилито ја подобрува циркулацијата, делува стимулативно на организамот, го намалува крвниот притисок, го намалува холестеролот и одличен е за луѓе кои планираат да ослабнат некој килограм. Бибер Биберот е одличен зачин кој може да се додава во многу јадења.
Бибер
Биберот го подобрува варењето, а според многу истражувања ги уништува бактериите во храната кои можат да предизвикаат труење. Одличен е за луѓе кои патат од ревматски заболувања, има бактерицидно дејство а го штити и видот.