Воена диета, за силни и издржливи дами

“Army girl” или воена диета е краткорочна диета за која многумина тврдат дека е ефективна. Но, како што и самото име кажува многу е строга и треба да се придржувате кон времето на оброците и пропишаната храна  за да ги остварите посакуваните резултати. Исто така, потребно е да се консултирате со лекар пред да се одлучите на оваа диета.

204f953d1bcb7a6353115df45c91a71e

Значи, оваа диета е структурирана по строго одреден план по кој мора да се придржувате  ако сакате да ги постигнете саканите резултати. Бидејќи  работи на принцип на хемиско разградување, не ја заменувајте било која состојка со  друга состојка, бидејќи тоа може да доведе до тоа  целиот напор да “падне во вода”. Од зачините се дозволени солта и биберот, но ништо друго.

ballisticbabe-004

Мора да јадете секој ден во исто време, иако можеби не сте гладни во тоа време кога ручавте претходниот ден.

После  диетата  најмалку четири дена треба да бидете на редовна исхрана, па ако ви се допаѓа, можете да ја повторите.

Покрај диетата се препорачува и вежбање .

armygirl6

Прв ден

Појадок

Половина грејпфрут, едно парче тост  со две лажички путер од кикирики, кафе или чај

Ручек

Половина чаша туна, парче тост, кафе или чај

Вечера

80 грама било какво посно месо или пилешко месо, една чаша грашок, половина банана, едно мало јаболко и една чаша ванилин сладолед.

Втор ден

Појадок

Едно јајце, половина банана, едно парче тост.

Ручек

Една  чаша свежо сирење, едно тврдо варено јајце и пет солени крекери.

Вечера

Две виршли (без леб или печива), една чаша брокола, половина чаша рендан морков, половина банана, половина чаша ванилин сладолед.

Трет ден

Појадок

Црно кафе или чај со 1-2 лажички засладувач.

Пет солени крекери, 26 грама сирење, и едно мало јаболко.

Ручек

Едно тврдо варено јајце и парче тост.

Вечера

Една чаша туна, половина банана и чаша ванилин сладолед.

Може да  пиете вода колку сакате, и ако строго се придржувате до упатствата, може да се ослободите  и до четири килограми. Уште една забелешка, пред да се одлучите на ова “измачување” консултирате се со вашиот лекар.