Загаден воздух, загадена вода, загадена храна… последици трпи целото тело, но најголем удар секојдневно му се задава на црниот дроб.
Џигерот или црниот дроб е внатрешен орган или главна лабораторија одговорен за чистење на токсините на телото.
Кога џигерот е здрав и работи со полн капацитет, сите штетни супстанци на кои секојдневно сме изложени, безбедно и брзо се отстрануваат од телото.
Артичоката е чудесна храна, која покрај тоа што е многу вкусна истовремено е број еден зеленчук кога станува збор за подобрување на здравјето на џигерот.
Со клинички студии е докажано дека екстрактот од артичока не само што го заштитува црниот дроб од оштетувања, туку ја подобрува и неговата функција.
Артичоката содржи цинарин. Цинаринот е фенол кој има холагогно и холеретичко дејство, што во превод би значело дека има способност да го стимулира создавањето на жолчката и нејзиното излачување, а токму овие две функции се многу важни за здравјето на црниот дроб, затоа што жолчката се создава во џигерот и е еден од каналите преку кои отпадните материи го напуштаат џигерот и се исфрлаат преку цревата.
Артичоката го намалува покачениот холестерол, и нивото на маснотии во џигерот.
Таа содржи лутеолин, кој освен што е јак антиоксиданс истовремено има способност и да го намали создавањето на холестерол во телото.
А цинаринот зголемувајќи го создавањето и лачењето на жолчката, го зголемува и отстранувањето на холестеролот, бидејќи главен метод за негова елиминација од телото е неговата претворба во жолчни киселини.
Екстрактот од артичока се препорачува при замастен џигер, но истовремено претставува и одличен додаток за детоксификација на телото.
Со повеќе студии е покажано дека само 600мг квалитетен екстракт од артичока, доколку се зема редовно во период од два месеца може да ја подобри функцијата на џигерот кај луѓе со замастен црн дроб.
Артичоката го заштитува џигерот, и поради присуството на антиоксидансни состојки кои го штитат црниот дроб од оксидативното оштетување и го намалуваат воспалението.
Со студии е докажано и дека екстрактот од артичока го регенерира џигерот такашто успешно го стимулира создавањето на нови клетки.
Nature Essential Артичока е додаток во исхраната кој содржи екстракт од артичока.
Nature Essential Артичока можеш да ја набавиш од аптекитe на: Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!
Можеш да ја нарачаш и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/nature-essential-articoka/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
Nature Essential Артичока може да ти ја доставиме и на твојата домашна адреса со брза пошта!