Важни совети за најмалиот член во семејтвото

Многу млади мајки свесно практикуваат работи кои воопшто не се добри за здравјето на бебето, а ги добиле како совети од нивните мајки или баби. 

Тие постапки во нивно време се сметале како паметни и оправдани, но денес е докажано дека не е така и дека не треба да се применуваат. Такви работи има многу ние само ќе напоменеме неколку, а вие проверете дали можеби и вие ги практикувате.

Детето мора да има попладневен сон

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Научниците сметаат дека претераното форсирање на родителите детето да спие попладне, прави тоа да има проблеми со спиењето преку ноќ. Истражувањата покажале дека секое второ дете има проблеми со ноќното спиење баш поради фактот што неговите родители премногу го форсираат на попладневен сон. Ова секако не значи дека треба да му браниме на детето да спие попладне, но доколку детето е расположено и не покажува знаци за потреба на сон, оставете го, бидејќи ноќта ќе спие подобро и помирно.

Играчките на детето секогаш треба да бидат чисти и стерилизирани

Голема грешка. Многу млади образовани парови ги стерилизираат играчките на детето со цел да бидат сигурни дека детето си игра со чисти предмети и дека не ризикува да заболи од некое заразно заболување. Ова е голема грешка, бидејќи детето со ставањето на предметите во уста и внесувањето на разни страни тела го гради имунитетот кој ќе му биде од голема корист подоцна во животот.

Инфектолозите тврдат дека децата кои се чувани во ултра чиста средина во раното детство подоцна имаат многу поголеми проблеми со инфекции за разлика од децата кои се играле нормално. Ова не значи дека не треба да внимаваме на хигиената на детето, но сепак не треба да претеруваме.

Никако не бањајте го детето кога има темперaтура

Напротив, наспроти советите на многу стари кои велат не капете го детето ќе му ја влошите состојбата, лекарите препорачуваат тоа задолжително да го правите, со тоа ќе му помогнете на организамот, а и ќе ги превенирате иритациите на кожата предизвикани од интензивното потење поради темперетурата.