Трибулус – за квалитетна сперма, зголемена сексуална функција & мускулна маса

Придобивки од Tribulus Terrestris
Tribulus terrestris е традиционална кинеска билка. Се користи за подобрување на сексуалната функција, зголемување на мускулната маса и подобрување на подвижноста на спермата. Исто така, се користи во третманот на други состојби, како што се уринарни проблеми и состојби на кожата, како што е витилиго.

Ја подобрува сексуалната функција
Tribulus terrestris се користи во традиционалната медицина за лекување на сексуални дисфункции, како што се импотенција и ниско либидо. Мешавините на различни соединенија кои се наоѓаат во плодовите, стеблата и корените на tribulus terrestris ги обезбедуваат овие лековити својства. Според веб-страницата на EmedTV, раното истражување сугерира дека tribulus terrestris може да ги зголеми нивоата на хормони, како што се тетростеронот и дехидроепиандростерон. Врз основа на овие резултати, оваа билка ја користат личности кои имаат проблеми од ваков тип и се обидуваат да ги зголемат нивоата на хормоните и да ги подобрат своите сексуални функции.

Ја зголемува мускулната маса
Tribulus terrestris го зголемува нивото на тестостерон, што помага да се зголеми мускулната маса. Студиите покажуваат зголемување на нивоата на тестостерон при консумација на трибулус. Зголемувањето на нивото на тестостерон го намалува времето за обновување на мускулите и ја подобрува синтезата на протеините или процесот во кој живите клетки произведуваат протеини од нивните составни амино киселини, врз основа на генетските информации што се пренесуваат во ДНК на хромозомите. Исто така промовира позитивен азотен баланс. Комбинацијата на овие дејства помага да се зајакне и да се зголеми мускулната маса.

Го подобрува квалитетот на спермата
Спермата и способноста на спермата да навлезе во женското јајце, како и волуменот и концентрацијата на спермата, играат значајни улоги во оплодувањето на женското јајце. Според една студија, спороведена во Индонезија, 30 неплодни мажи биле испитани. Педесет проценти од мажите земале трибулус, орално, 500 мг три пати на ден во период од 60 дена, а другите земале шеќерни таблети. Нивните параметри биле оценети пред и по третманот. Заклучокот покажа дека Tibullus terrestris L, даден во доза од 500 mg три пати на ден во период од 30 дена, се покажа како ефикасен во обновувањето на функциите на спермата како мотилитет и акрозомски реакции, или кога црвените рецептори на спермата доаѓаат во контакт со јајце клетката.

Мерки на претпазливост
Бремени жени или доилки треба да се консултираат со својот лекар пред да земат tribustus terrestris. Тribulus terrestris го зголемува нивото на тестостерон и постои можност за појава на несакани ефекти како нервоза, бес, намалување на женскиот глас, зголемена телесна тежена или кожни проблеми, зголемена простата или влошување на хормоните- дури до степен на рак на дојка или рак на простата.