Тераписки можности за третман на целулит

Во пресрет на летните денови сите сакаме да изгледаме убаво, особено кога зимската облека ќе ја замениме со лесна, летна облека и кога нашето тело треба да го покажеме на плажа во бикини.

ancevski logo

Еден од главните проблеми што ги преокупира припадничките на понежниот пол е кожата како кора од портокал, локализирана најчесто во пределот на бутовите, задникот, стомакот и натколениците. Тоа е добро познатиот целулит, една од најчестите болести на денешното време.

ТРЕТМАНИ

Најдобар начин целулитот да се држи под контрола е комбинација на адекватно одбрани третмани, со здрава исхрана богата со влакна и антиоксиданти, како и активен начин на живот со физичка активност и движење.

Ултразвучна кавитација е третман што се врши со помош на ултразвук и механички се оштетуваат мембраните на масните клетки, па тие лесно прскаат и нивната содржина се разлева во меѓуклеточниот простор, каде што со помош на ензими се разградуваат и се отстрануваат преку крвната и лимфната циркулација. Третманот трае 40-45 минути, не е инвазивен и болен и не ги попречува секојдневните активности на пациентот. Во зависност од клиничката слика, потребни се повеќе третмани (од шест до девет), кои се прават на растојание од седум до десет дена.

Радиофреквентните третмани наречени „Асент“ (Accent) се вршат благодарение на апарат што нуди уникатна двојна радиофреквентна технологија со која контролирано се загрева ткивото над 65 Целзиусови степени на две различни длабочини. Со биполарната сонда се овозможува топење на мастите и на целулитот, кои се наоѓаат на површината на кожата, додека со униполарната сонда ефективно се топат мастите сместени длабоко во масното ткиво под дермисот. Истовремено се подобрува локалната циркулација, се разградува фиброзното ткиво, се намалува отокот преку забрзување на дренажата на течности и токсини. Ова е неинвазивен метод, при кој се чувствува само топлина на местото. Се препорачуваат од осум до десет третмани спроведени во четири-пет недели (двапати неделно).

ДА СЕ ПОЧНЕ НАВРЕМЕ 

Мезотерапија за масни наслаги (липолиза) претставува метод со кој со помош на мали и тенки игли во кожата директно во масното ткиво се внесуваат коктели составени од состојки што успешно ги разградуваат масните наслаги по хемиски пат и истовремено ги забрзуваат локалниот метаболизам и циркулација за нивно полесно отстранување. Овој метод успешно ги топи локализираните масни перничиња и успехот е особено забележителен доколку се комбинира со некоја од претходните две методи. Бројот на третмани се движи од три до шест, на растојание од седум до десет дена.

Пролетта е најпогоден период за почнување со кој било од третманите за отстранување на целулитот и масните наслаги и обликување на нашето тело, бидејќи третманите бараат време за да го постигнеме саканиот ефект токму во периодот пред летните одмори. Затоа искористете го периодот и јавете се кај вашиот дерматолог.

Aneta-1


Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог

Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“
Закажете третман: 02 / 321 66 08

dr.ancevski-logo