Има решение за потењето

Летниот период и високите температури имаат улога и влијание врз функцијата на потните жлезди, што се манифестира како зголемено потење, кое, пак, дејствува и ги попречува секојдневното функционирање и комодитет.

ancevski logo

Медицинските информации за потењето говорат дека нормалната дневна продукција на пот е од 0,1 до 1 литар, но може да достигне и до повеќе литри дневно. Количеството излачена пот зависи од потребите на организмот.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

ХИПЕРХИДРОЗА

Зошто доаѓа до зголемено потење? Кожата има повеќе од 4.000.000 потни жлезди, чија функција е под контрола на центарот за терморегулација, сместен во хипоталамусот. Терморегулацијата се спроведува преку потните жлезди и системот за крвна регулација (вазоконстрикција и вазодилатација). Овој центар реагира на хормони, емоции, физичка активност. Симпатичкиот нервен систем врши инервација на потните жлезди. Нарушувањето што се поврзува со зголемено потење се нарекува хиперхидроза. Хиперхидроза е екстремно, екцесивно потење, кое е независно од климата, сезоната или од физичката активност. Со овој проблем се зафатени два-три отсто од популацијата, и тоа кај 50 отсто се манифестира на стапалата и дланките, 40 отсто во пазувите и 10 отсто на лицето, особено на челото. Физиолошки најчесто се јавува во случај на адипозитет (прекумерна телесна тежина), менопауза кај жените, аклиматизација и прекумерна активност на симпатичкиот нервен систем.
Постојат локални препарати достапни и кај нас, кои може да ви помогнат во третирањето на овој проблем. Овие производи, кои се дел од медицинско-козметичката палета, се среќаваат во облик на дезодоранси, ролони. Нивната главна активна компонента е алуминиумхлорид или алуминиумхлорхидрат.
Производите се поделени во три категории со 24, 48 и 72 часа ефект.
Во правилниот избор на локален препарат најсоодветен одговор ќе добиете од стручно лице, односно дерматолог.

БОТОКС-ТРЕТМАН 

Третманот со ботокс неуротоксин помага во контролирањето на симптомите од екцесивно потење кога вообичаените медицински помагала не покажуваат особен перформанс на тој начин што привремено ги блокираат хемиските сигнали од нервите што ги стимулираат потните жлезди. Кога потните жлезди не ги примаат хемиските сигнали, екцесивното потење престанува. Се очекува дека ботокс-инјекциите привремено ќе го запрат продуцирањето пот само во третираните области. Потта продолжува да се произведува на сите други нетретирани места. Вашата пот не оди никаде и не се задржува внатре, едноставно потта не се продуцира повеќе само на третираните области со помош на ботокс. Запомнете дека остатокот од вашето тело може слободно и на нормален начин да ја произведува вообичаената влажност. Самата процедура трае од 10 до 15 минути и е релативно вообичаена. Мало количество разреден ботокс се инјектира плитко во третираната пазува преку многу тенка игла.
Ботокс-третманот трае осум месеци. Симптомите постепено ќе се вратат, тогаш пациентот ќе знае дали е време за повторен третман. Треба да се одреди стратегија на третирање во зависност од потребите на пациентот и можните резултати од самиот ботокс-третман. Доколку се одлучите да не продолжите со понатамошен третман, потењето постепено ќе се врати во својата претходна состојба. Ефектите од ботокс-третманот постепено ќе исчезнат и вашиот вообичаен начин на потење во целост ќе се врати.

Aneta-1

 


Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог

Дерматолошко естетска ординација „Д-р Анчевски“
Закажете третман: 02 / 321 66 08