Шорцеви во зима, бело од глава до пети, градник и проѕирна блуза? Осмелете се и пробајте!
Факт е дека модните трендови се менуваат со вртоглава брзина, се сменуваат и стануваат се почудни. Она што е модно правило, често станува и големо “не”, но исто така, се случуваат и обратни ситуации.
Сепак, некои работи не го губат статусот на модно правило … Кој тоа го одредил ние не знаеме, но знаеме дека сме подготвени да ги урнеме!
1. НЕ за бело од глава до пети во зима!
Бели чевли, бел фустан, бели фармерки … се бело! Секогаш кога ќе имате можност да ја носите оваа боја, искористете ја без страв дека ќе се извалкате . Ќе делувате посвежо, а покрај тоа вашето лице ќе дојде до израз. Покрај тоа, не ја употребувајте оваа боја само за летото, осмелете да ја носите дури и кога се температурите во минус!
2. Бело не се облекува на венчавки!
Се разбира дека нема да ја облечете венчаницата на туѓа свадба, но зошто да не некој убав фустан или костум? Сигурно дека нема да и ја земете улогата на невестата …
3. Не покажувајте го градникот!
Да, не е пријатно кога градникот ви се гледа под облеката. Но, не е страшно да купите некој фантастичен секси или градник во мода за кој сте дале многу пари, а потоа само вие (а можеби и некој друг) да го види? Облечете го, врз блуза која е барем малку проѕирна и излезете смело на улица!
4. Или нозе или деколте
Ако сте космо девојка, ова правило морате барем еднаш да го прекршите! Кратко, секси, деколтирано и право во град!
5. Шљокици и циркони се наменети за ноќта
Се разбира дека нема да облечете светликав фустан во 12 часот на пладне и да шетате со неа по канцеларија, но што не е во ред со облеката во која сте комбинирале кратка кошула и панталони и на пример сако со шљокици! Засјајте вие, ќе засјае и расположението!
6. Високите девојки не треба да носат високи потпетици
Зошто? За да најдат маж чија висина ќе им одговара? Ако поради тоа не треба да се чувствува секси во совршените салонки на уште поубаво здолниште, тогаш живееме во промашен свет. Девојки, не размислувајте, што ви одговара, тоа носете го!
7. Кога станува за накитот, помалку е повеќе!
Се е работа на вкусот. Во согласност со гардеробата на вас е изборот дали ќе избере само еден ѓердан или ќе се закитите со обетки и прстени!
8. Облекувајте се во согласност со градбата на телото
Тоа правило нема врска со реалноста. Личноста изгледа добро кога така се чувствува. Избирајте се што ќе ви се допадне и што ве прави секси, секако дека добро ќе изгледате!
9. Квалитетните работи чинат повеќе
Цените и квалитетот во денешно време немаат веќе некоја врската. Вие сте слободни да се одлучите за работа која кај кинезите ќе чини десет пати помалку отколку во бутик, но и да биде исто толку квалитетна. Така можете и во брендирани продавници да најдете евтини и добри работи или оние со полош квалитет Важно е она што ќе го земете да ви прилега, цената е само прашање на тоа колку можете да дадете.
10. Шорцевите се само за лето
Дека сакате да го носите шорцеви во текот на целото лето? Направете го тоа! Со денешните модни правила кои подразбираат отстапување од истите. Ако е дозволено гол на улица да се излезе, зошто да не облечете панталони ако се грижите во овој момент со него?
11. Не мешајте ги животинските шари
Зебра и леопард? Зошто да не. Тоа што овие две животни се природни непријатели, тоа не значи дека ќе изгледа исто така и на вас. Најдете начин да ги вклопите и да додадете личен печат, вие дефинитивно ќе бидете забележани.
12. Стилот не се учи, со стил се раѓаш
Стил се гради со години. Никој не се знае се што треба, а што не. Сè се учи. Само е прашање на насоки и вкус. Дали се сметате за девојка со стил? Тогаш тоа и сте!