ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 гр брашно
- 2,5 дл вода
- 1 квасец
- малку сол
- фил: урда/зелка/праз/спанаќ
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња. Од секое се сука кора и се премачкува со путер, маргарин или маст.
Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една.
Секоја кора се попрскува со масло и се става урда или праз или зелка, а може и спанаќ се по ваша желба и се витка во ролна.
Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуваaт со масло. Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени. Секако зависи и од вашата фурна, затоа ќе проверувате дали е добро испечена.
Најубава е кога е топла безразлика за кој фил ќе се одлучите. Уживајте во домашно приготвените рецепти бидејќи се посебно вкусни кога се подготвуваaт со многу љубов.