Во животот се случува често да сме изложени на голем стрес и понекогаш тој насобран стрес почнува да го нарушува и квалитетот на нашиот сон.
Со други зборови, кога си под голем стрес, можно е да ти е тешко да заспиеш или откако ќе заспиеш да немаш квалитетен сон, бидејќи нема да можеш да го постигнеш таканаречениот длабок сон.
Длабокиот сон е многу важен за севкупното здравје, бидејќи токму во оваа фаза од спиењето телото се обновува и ревитализира.
Присуството на стрес го подига нивото на стрес хормони, а под дејство на кортизолот, телото претенира да е будно и претпазливо. Бидејќи и пулсот и крвниот притисок се во пораст, заспивањето станува се потешко.
Во нормални услови, нивото на кортизол навечер се намалува и твоето тело се подготвува за спиење. Но во случај на зголемен стрес, нивото на кортизол останува да биде високо дури и ноќе и негативно да влијае врз ослободувањето на мелатонин, кој што има главна улога во регулацијата на циклусот на спиење и будност.
И токму така започнува маѓепсаниот круг каде стресот го нарушува сонот, а неквалитетниот сон уште повеќе го зголемува стресот и нивото на кортизол.
За стресот е докажано и дека го намалува времето минато во лесен и длабок сон, а ја зголемува РЕM фазата, но прекумерното време минато во оваа фаза од сонот, докажано е дека придонесува за поспаност и чувство на умор во тек на денот, што понатаму може уште повеќе да го наруши нормалниот циклус на спиење, да го зголеми стресот и наруши доброто расположение.
И токму затоа, доколу навистина сакаш во животот да имаш помалку стрес, неопходно е да си изградиш редовна рутина на спиење и да се држиш до неа.
Сонот кога е квалитетен има моќ да го одмори и обнови телото, да смири и опушти, да ти ја подобри концентрацијата и фокусот, моќта за брзо одлучување, расположението и да те оспособи многу полесно да се справиш со некој иден стрес.
Истражувањата покажуваат дека недостатокот на квалитетен сон може да те направи да реагираш многу поимпулсивно и непромислено, да бидеш многу почувствителен на негативни стимуланси од околината што дополнително ќе ти го зголеми стресот.
Малку стрес не повредил никого, но никако не смееш да дозволиш да излезе од контрола и да почне да ти го нарушува квалитетот на твојот живот.
Ако започне да ти го нарушува сонот, тогаш прво што треба да направиш е да се обидеш да откриеш што е тоа што во тек на денот ти предизвикува стрес и како на здрав начин да се справиш со тоа.
Со свесност, упорност и труд, и ти можеш да го прекинеш лошиот циклус на спиење, и за кратко време да почнеш да се чувствуваш порасположено, посмирено и понаспано.
За да го загарантираш својот успех можеш да пробаш различни антистрес техники во комбинација со корисни совети за подобар сон.
Така на пример, обиди се да мислиш за своите грижи и проблеми подалеку од времето за спиење. Свесно избери дел од денот кога ќе се соочиш со предизвикувачите на твојот стрес, слободно размислувај и како да ги намалиш или отстраниш проблемите и грижите, но никогаш не го прави тоа навечер пред спиење.
И за несоницата и за стресот постои едно сигурно решение!
Магнезиумот и витаминот Б6 се природни механизми за поттикнување на сонот, бидејќи успеваат на целиот организам да му направат приспивна атмосфера. Ја опуштаат мускулатурата, срцето, мозокот и целиот нервен систем.
Магнезиумот игра клучна улога во сите оние чекори на конвертирање на протеините во супстанци кои прават да се чувствувате сонливо. Тој исто така му помага на телото да ги задржи нивоата на гама-аминобутирна киселина, невротрансмитер кој буквално го гаси човековото тело и мозок и го праќа на спиење. Целата оваа негова функција е забрзана и поддржана од витаминот Б6, кој сам по себе брзо се апсорбира и плус го забрзува и апсорбирањето на минералот. Овој уникатен пријателски сојуз ќе го најдете во таблетите на Dr. Viton Magnezan B6 во доза која овозможува секојдневна консумација, без ризик од предозирање.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)