Ако имате ниско ниво на железо во крвта и не сте обожавател на употребата на лекови или црвено месо, ви го препорачуваме овој едноставен и многу здрав пијалак.
За да се подготви ви е потребно:
- 1 мала краставица
- половина чаша грозје (било какво)
- половина чаша свеж спанаќ
- 2 киви
- половина чаша вода
Состојките ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата целосно не се изедначи и да се претвори во мазна течност. Пијте само свежо на празен желудник.
Витаминот Ц кој се наоѓа во кивите помага во апсорпцијата на железото од спанаќот. Пијалокот е полн со антиоксиданси и растителни влакна па е повеќекратно корисен и здрав за целиот организам. Пијалокот може да го пиете кога сакате и со неговата постојана консумација ќе ви помогне да го зголемите нивото на железо во крвта и да го зајакне имунитетот и енергијата на организмот .
Ако сте алергични или немате киви може да користите како замена портокал.