Спирулина – супер храна за супер лето!

Сигурно си слушнал за Спирулина, но дали знаеш зашто треба да ја користиш ова лето? 

Одговорот е многу едноставен, затоа што ќе ти помогне да се чувствуваш:

  • повитално,
  • посилно,
  • посреќно,
  • поздраво,

Плус дури и да постиш или да јадеш полесна храна, додај ја во твојата исхрана и никогаш нема да си гладен!

Од намалување на холестеролот, балансирање на притисокот, па се до зголемување на физичката издржливост и енергија, спирулината има толку многу позитивни дејства што дури звучи неверојатно!

Оваа волшебна микоралга уште многу одамна се смета за еден од најмоќните природни додатоци во исхраната, и тоа токму поради нејзиниот богат состав.

Спирулината содржи комплетен протеин, со одличен квалитет, присатни се сите есенцијални амино киселини, а освен тоа со нејзино конзумирање нема да ја внесеш мрснотијата и калориите кои би ги внел со месото или млечните производи!

Нејзиното редовно користење е одлично решение во тек на летните месеци, кога повеќе внимаваме на витката линија.

Во Спирулината присатни се и омега 3 масните киселини, кои имаат милион позитивни дејства, од срце, преку мозокот, па дури помагаат и за поубав надворешен изглед, а кој не сака неговата кожа и коса да блескаат под летното сонце?

Мускулите и нервниот систем ќе добијат повеќе од одлична подршка за оптимална функција, пред се поради богатството од Б витамини!

Најзастапени во Спирлината се витаминот Б1, Б2, Б3, Б5 и Б12, затоа Спирулината помага при замор и исцрпеност, го подига нивото на енергија, па дури влијае и врз квалитетот на сонот, бидејќи пантотенската киселина (витамин Б5) го зголемува производството на мелатонин.

Но да се вратиме на убавината, бакарот кој истотака го има во Спирулината помага за создавање на колаген, кој и дава цврстина и младешки изглед на кожата, а влијае и врз квалитетот на ноктите и косата.

Од минерали богата е и со магнезиум, железо,манган и калај,богата е и со витамин Ц и витамин К, а содржи и силен антиоксидирачки комплекс од најмалку 10 каротеноиди.  

Спирулината е исклучително богата со хлорофил и ензими,  кои се неопходни катализатори на хемиските процеси во телото. Еден од нив е супероксид дисмутаза кој игра важна улога во врзувањето на слободните радикали, со што се заштитуваат клетките од оксидативно оштетување и се забавува процесот на стареење.

Спирулината освен што е најкомлетна и најмоќна храна во светот, таа е моќен детосификатор (топ за живот во загаден свет) и алкализатор!

Алкализирањето на твоето тело не само што ќе ја подобри функцијата на имуниот систем, туку истовремено ќе ти го зголеми нивото на физичка и ментална енергија и фокус, а ти ќе се чувствуваш поздраво, помоќно и посреќно!

Ако уште се прашуваш зашто е убаво да користиш Спирулина ова лето, и сам гледаш дека нема зашто да не ја користиш, оваа супер храна ќе ги нахрани сите клетки во твоето тело и ќе ти помогне да уживаш во ова лето како никогаш порано!

Заборави на кафето и на другите стимуланси, и фати се за Спирулина нема што да чекаш набави ја веднаш!

San Sebastian Spirulina производите можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.

San Sebastian Spirulina можете да го можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/san-sebastian-spirulina/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)