На диета си, а холестеролот уште ти е висок? Не гладувај, земи артичока и зачуди се од нејзиното лековито дејство!

Потполно те разбирам…со месеци си на диета, ти се смачи да броиш јајца, гладен си и под стрес, а холестеролот сеуште ти е висок. 

Се чувствуваш беспомошно, и посакуваш да постоеше некој лесен и природен начин за намалување на покачениот холестерол…нешто како магично стапче за да ти помогне најлесно и најбрзо да си го вратиш здравјето и конечно да се опуштиш…

Но, и јас и ти знаеме дека магично стапче нема…но, добрата вест е што следната најдобра работа (после магичното стапче) е Артичока!

Артичока (Cynara scolymus) чудесен дар од природата, вкусен зеленчук кој најмногу е ценет токму поради многуте позитивни дејства врз здравјето на човекот. 

Артичоката со години наназад се употребувала поради своето диуретско и лаксативно дејство, за подобрување на варењето на храната, за зголемување на лачењето на жолчката и за обновување на црниот дроб, за намалување на шеќерот, и на мастите во крвта за подобрување на цревната флора. Позната е и како незаменлив додаток за намалување на целулитот и за одржување на нормална телесна тежина.

Но можеби најмногу радува фактот, дека се повеќе се зголемува бројот на научните истражувања кои укажуваат дека оваа мала билка може да има голема улога во борбата против покачениот холестерол!

Листовите на артичоката се богати со витамини, минерали, антиоксидансни соединенија, полифеноли, а меѓу нив особено е важна активната состојка наречена цинарин.

Цинаринот има многу дејства, а едно од нив е и способноста за  да го зголеми создавањето и лачењето на жолчката,  а со тоа го зголемува и отстранувањето на холестеролот, бидејќи главен метод за елиминација на холестеролот од телото е токму неговата претворба во жолчните киселини.

Артичоката содржи и лутеолин, кој освен што е јак антиоксиданс истовремено има способност и да го намали создавањето на холестерол во телото.

Високото ниво на холестерол во крвта води до создавање на плак во артериите, појава на артеросклероза и кардиоваскуларни заболувања.

Поради присуството на полифеноли со антиоксидансно дејство, за екстрактот од артичока се смета дека може да ја намали и оксидацијата на лошиот холестерол во артериите и на тој начин дополнително да го намали создавањето на плак.

Со намалување на нивото на холестерол, екстрактот од артичока успешно ја спречува појавата на артеросклероза и придонесува за очувување на здраво срце и крвни садови.

Во една научна студија во 2001 година, на пациенти кои имале висок холестерол им било давано 1800мг екстракт од артичока во период од 6 недели, и било докажано дека артичоката успеала да го намали лошиот ЛДЛ холестерол и за околу 20%.

Слични резултати биле добиени и седум години подоцна кога над сто пациенти користеле артичока капсули во време од 12 недели, и кај нив истотака бил забележан пад на холестеролот, додека кај пациентите кои користеле плацебо холестеролот се покачил!

Интересна е и  студијата која била спроведена во еден универзитет во Италија, со учество на 46 средовечни луѓе со покачена телесна тежина, кај кои во период од 8 недели како резултат на употреба на екстракт од артичока се намалилиле вкупниот и лошиот холестерол, а истовремено се покачил добриот ХДЛ холестерол.

Ваквите и слични истражувања покажуваат дека кога редовната употреба на артичоката, ќе се искомбинира со здравите животни навики, како внимателен избор на храна и умерена и редовна физичка активност успехот е неминовен!

Ако сакаш конечно да успееш на природен начин да го намалиш покачениот холестрол, нема што да чекаш пробај ја Nature Essential Артичока уште сега!

Nature Essential – Aртичока можете да ја нарачате онлајн ➡️ https://alfalab.mk/proizvodi/nature-essential-articoka/

Nature Essential – Aртичока може да ja набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)