За да направите овојпат генерално чистење треба да го проследите овој текст до крај и секако нешто што сметате е неопходно да додадете во целиот процес на дезинфекција.
Нема потреба и простор за паника. Постепеното и зачестеното дезинфицирање на домот ќе ви стане рутина која е неопходна во овој период и е за добро на вашето здравје и здравјето на вашето семејство.
Чекор бр. 1 Влезната врата
Започнете од влезната врата. Поставете прскалка пред влезната врата и пред да влезете во домот со чевли со кои сте биле надвор испрскајте ги убаво чевлите со соодветно средство за дезинфекција кое треба да содржи алкохол. Исто така испрскајте го убаво и прагот пред вратата и задолително надворешната / влезна квака.
Чекор бр 2. Кваки и прекинувачи
Започнете со дезинфекција на деловите од домот кои постојано ги допираме. Тоа се кваките на вратите и прекинувачите на светилките.
Пребришете ги со соодветно средство за дезинфекција. Натoпете крпа убаво со средството и убаво пребришете ги кваките, а на прекинувачите внимавајте со течноста нека биде помалку бидејќи се поврзани со струја. Овие делови од домот дезинфицирувајте ги често бидејќи и често се допираат.
Чекор бр. 3 Тоалет – бања
Нешто на кое треба посебно да обрнете внимание е дезинфекцијата во тоалетот и бањата. Почнувајќи од кадата па се до славината на чешмата и тоалетот – бањата треба се да се дезинфицира со соодветни средства, но задолжително и да се поминат со медицински алкохол. Тоалетната школка, рачката-копчето на тоалетното казанче, славините, лабавото, кадата или туш кабината, кваките на вратите и плочките.
Исто така совет плус е пешкирите да се менуваат на два дена и тоа по можност да бидат бели за да можете да ги пуштите во машина на 90 степени и по можност и да се испеглаат.
Чекор бр. 4 Кујна
Местото каде што се приготвува храната треба да е беспрекорно чисто од работната површина, до даските за храна се треба да се биде чисто и дезинфицирано пред и по секоја подготовка на храната.
Користете посебни даски за подготовка на свежото месо, зеленчук и други продукти. Не сечете се на една даска! Ако имате само една даска тогаш измијте ја со топла вода и со алкохол убаво.
Неоходно е да се направи дезинфекција и на фрижидерот и на сите продукти кои се во него, а секој нов производ купен од маркет пред да го ставите во фрижидер земете го со ракавици и избришете го убаво со алкохол. Купувајте херметички затворени или вакумирани производи.
Чекор бр. 5 Подови и постелнини
Започнете да користите и алкохол како второ пребришување на сите подни површини во вашиот дом. Првате го тоа по потреба и секако влегувањето со чевли е строго забрането во домот. Постелнините нека бидат исто така перени на 90 степени и пеглани особено перниците бидејќи хигиената во овие моменти треба да е највисоко ниво.
Чекор бр. 6 Електрични уреди
Мобилниот, компјутерот особено тастатурата и “глувчето”, лаптопот се површини кои треба неколку пати дневно да ги дезинфицирате со чист алкохол или со специјални марамици за уреди кои содржат алкохол
Во овие моменти кога пазарувате ставете си го мобилниот во тенка кесичка за да не го допирате директно, а потоа фрлете ја кесичката исто како што ќе ги фрлите и заштитните ракавици.
Чекор бр.7 Мебел
Пред се треба да се даде предност на трпезариската маса каде што уживаме во оброците но не треба да се заборават и сите останати делови од мебелот во домот како малата маса во дневната соба и масичките до креветите. Доколку имате тоалета треба и таа да ја дезинфицирате убаво. Се дезинфицирајте со средство на база на алкохол.
Во 7 чекори и со убав распоред во текот на домот вашиот дом ќе биде одлично дезинфициран, а со тоа и безбеден кога е здравјето во прашање.