Во овие моменти и пазарувањето стана нешто на кое треба посебно да внимаваме од тоа како сме ние заштитени, па се до како да ги одбeреме најдобрите продукти.
1. Напуштете го домот комплетно заштитени
Не се срамете се, здравјето е најважно и треба да се заштитите. Ставете медицинска маска за една употреба, медицнски ракавици за една употреба и очила бидејќи и очите се на удар на флиговите капки доколку некој кивне или се накашла.
2. Одбирајте маркети кои се чисти
Хигиената во маркетите во овие моменти треба да е зголемена, но некои маркети не го почитуваат тоа. Одберете маркет кој се грижи одговорно за хигиената на рафтовите и целиот простор, а исто така и за нивните вработени кои е потребно носат заштитни маски и ракавици. Задолжително е растојание од 1 ипол до 2 метри помеѓу купувачите, па затоа не се “буткајте” на касите.
3. Сите производи нека бидат спакувани
Тазе печениот леб нека остане за понатаму. Купувајте вакумирани или фабрички спакувани производи во овој период. Бирајте производи со подолг рок на траење и од проверени брендови. Сите производи кога ќе ги купитенаправете им дезинфекција пред да ги послужите или оставите во фрижидерот или шкафчињата.
4. Плаќајте со платежни картички
Бидејќи “перењето пари” е нелегално, а нема посебно средство за дезинфекција на пари тогаш најдобар избор за вас е да плаќате со картичка . Така нема да имате контакт со пари кои се преносители на многу бактерии и вируси, а притоа нема да треба да ви должат кусур доколку немаат ситно. Малку да ве насмееме, но веријате плаќањето со картичка во овие моменти е најбезбедно.
5. Одберете здрава храна и дезинфицирајте го и овошјето и зеленчукот
Заборавете на малку на тестените и лебот. Хранете се здраво со јатки, квалитетно месо, производи богати со влакна и секако најважно од се овошје и зеленчук.
Има начин да го “дезинфицирате” овошјето и зеленчукот пред да земете да го јадете. Во поголем сад ставете вода и сода бикарбона и потопете го овошјето да постои 20 минути во таа течност, а потоа измијте под силен млаз вода, излупете и уживајте. Доколку се работи за зелена салата или спанаќ оставете подолго да постои во водата и потоа лист по лист убаво исплакнете.
Ништо нека не ви биде тешко ништо, сепак за здравјето се работи! На крајот од денот се е навика, а и вие ќе сте помирни.