Смеса од младо сирење, ленено масло и семе – лек за најтешките болести по протокол на Д-р Будвиг

Овде ќе ве запознаеме со еден од најценетите немедицински протоколи на светот кој е измислен за лечење на најтешките заболувања, особено на туморот. Се работи за протеинско-маслен протокол кој го измислила германската докторка по биохемија Јохана Будвиг (Johanna Budwig).

Протоколот се состои во консумирање на смеса направена од младо сирење, ленени семки и масло, како и препорака која храна треба да јадеме, а која да ја избегнуваме со смесата. Протоколот е доста признаен и многу успешен во лечењето на најтешките болести, а се применува буквално низ целата планета, особено во западната цивилизација. За овој метод може да се каже дека е веројатно најуспешен и најраспространет алтернативен начин на лечење на тумори и други заболувања кои не вклучуваат хемикалии и лекови, а измислен е од страна на еден доктор по биохемија.

Протоколот е развиен со цел да се лечат повеќето видови на рак, но е успешно користен и кај дегенеричните болести, артритис, дијабетес, висок крвен притисок, мултиплекс склероза, срцеви заболувања, псоријаза или и други заболувања и состојби. Доктор Будвиг, нејзините колеги и следбеници тврдеа дека имале голем број случаи на намалување и целосна регресија на различни видови рак.

Сега кога веројатно го имаме вашето внимание, ќе поминеме на конкретни состојки и начинот на правење и консумирање :

СОСТОЈКИ НА ЕДНОДНЕВНА ДОЗА НА СМЕСАТА ЗА ПОТЕШКО ЗАБОЛЕНИТЕ :

– 6 супени лажици ленено масло ;

– 12 супени лажици младо кравјо сирење ;

– 4 супени лажици свежо ленено семе.

Измешајте го сирењето и маслото во сад и матете со дрвени стапчиња или обичен миксер 1-2 минути додека не добиете еднолична пенеста маса во која не се гледа веќе маслото. Потоа сомелете ги ленените семки во машина за мелење кафе, но не подолго од 10-15 секунди. Додадете ги семките во смесата со сирење и масло и сето тоа повторно измешајте го. На крајот можете, но не морате да додадете лажица свеж домашен мед.

Изматете го сето тоа уште еднаш. Сместа треба да ја јадете исклучиво свежо направена во рок од максимално 15 минути откако ќе се измеша. Ленените семки секогаш сомелете ги пред мешање, немојте да ги мешате однапред ниту да ги купувате сомелени, бидејќи доаѓа до оксидација и губење на употребната вредност.

За полесни случаи и заболувања и превентивна употреба се користи половина од наведената доза на ден. Смесата се користи секој ден, а кај потешките облици на болести се користат трајно, односно доживотно.

Во смесата можете, ако ви е полесно, слободно да ги додадете сите видови на свеж зеленчук или овошје или свежи јаткасти плодови.

Ладено цедено ленено масло можете да најдете во повеќето супермаркети и продавници за здрава храна, а откако ќе го отворите важно е да го чувате во ладилник, бидејќи многу лесно се расипува.

Во одредени случаи на почетокот на примената доаѓа до полесна вртоглавица кај некој пациенти, а во тој случај се препорачува консумирање на свеж чај од ментол кој ќе ја елиминира појавата на вртоглавица.

Протоколот подразбира дозволена и забранета храна и пијалаци, првенствено за заболените од рак :

Дозволени и забранети ставки 

Стевијата или шеќерниот лист како засладувач, свеж домашен мед, датули, смокви, овошје во форма на бобички

– Сите билки и зеленчук без додатоци, свежо или сушено, може и замрзнато ;

– Сите јатксати плодови, но непржени семки од кикирики ;

– Свеж и непроцесиран какао и незаблажено кокосово масло ;

– Сите чаеви ;

– Сите видови на интегрално брашно ;

– Кисели краставички и останати исклучиво природни производи без конзерванси ;

– Сите видови овошје без вештачки шеќер ;

– Маслинови и други ладно цедени масло, нерафинирани ;

– Обезмастени сирења ;

– Изложување на сонце кога е тоа можно, но секако не на летно и јако сонце, туку навечер и наутро со што повеќе движење ;

– 2-3 лити вода дневно ;

– Умерено или малку пилешко (домашно) и сина (по боја) риба.

Што да избегнувате?

Хидрогенизирани маснотии и рафинирани масла

– Животински маснотии ;

– Месо, особено сите видови на свинско, како и сите видови на црвено месо ;

– Морски плодови (ракови, шкампи и сите видови риби со тврда лушпа) ;

– Бел леб и сите тестенини од бело брашно се строго забранети ;

– Сладоледи и полномасни млечни производи ;

– Шеќер и слични силно засладени производи се строго забранети

– Сите силно процесирана и конзервирана храна ;

– Сите хемиски производи за домаќинство (да се користи оцет и сода бикарбона за чистење) ;

– Забрането е да се користи микробранова печка, тефлонски и алуминиумски садови, да се користат само порцелански садови, садови кои не ’рѓосуваат, огноотпорно стакло и сл.

Овој список на некои од дозволените и забранетите ставки за користење во протоколот првенствено се однесуваат на заболените од рак, но е многу корисен водич и за здравите луѓе во превенција на ракот и другите тешки заболувања.

Во овој текст поради обемот не сме во можност да навлеземе во детални начини и користење на храната, но во линковите кои ви ги пренесуваме на крајот од текстот како и на многу други страници и форуми на интернет, можете да најдете многу упати и книги како и што да користите.

Има голем број на пациенти на сите континенти кои тврдат дека се излечиле и извршиле регресија на ракот и другите тешки заболувања користејќи го протоколот на доктор Будвиг. Исто така, можете да најдете и многу форуми на интернет во кои илјадници пациенти преку лични примери изнесуваат детали на примена  и успех на овој протокол. Бидејќи сите предложени состојки се многу здрави и целосно не штетни, топло им ги препорачуваме на сите заинтересирани да информираат за деталите и евентуалната примена на протоколот на оваа германска докторка по биохемија, која почина во 2003 година во својата 96-та година од животот.

Ве молиме препорачајте го овој текст преку Фејсбук за да дознаат што поголем број на луѓе и евентуално да го применат протоколот на д-р Будвиг.