Вашите фотографии на Фејсбук го откриваат вашиот хороскопски знак

Откријте какви  Фотографии поставуваат на нивниот профил на Фејсбук различните хороскопски знаци и колку често ги менуваат сликите.

Овен

Овенот не е голем обожавател на Фејсбук. За слика на профилот ќе избере мало животно или нешто смешно, и тоа ќе стои таму долго време без да се менува. Тој нема да постави слика со неговиот лик, а ако го направи тоа, тоа ќе биде слика  со неговите пријатели. Општо земено, не се интересира многу за овие работи, бидејќи повеќе сака да се види со своите пријатели, отколку да разговара со некого преку интернет.

Бик

Бик ќе ја стави неговата најдобра слика  што ја има и ќе ја остави таму засекогаш. Фејсбукот за него претставува пријатен начин за да  го помине времето и да дознае што има ново кај неговите пријатели.  Неговата активност на социјалната мрежа се состои во објавување на песни, смешни видео клипови и извадоци од омилени книги.

Близнаци

Близнаците имаат силна смисла за хумор, така што тие нема да се двоумат да постават некоја смешна слика, шегувајќи се на своја сметка. Се разбира,  нема да ја остават долго време на профилот, бидејќи наскоро ќе им досади и ќе постават друга, подеднакво смешна. Не се воздржуваат да го покажат својот природен изглед, и не претпочитаат “уредни” фотографии, кои не одговараат на реалноста!

Рак

Ракот многу внимателно ќе ја избере сликата која ќе ја стави на својот профил. Може да  поминат повеќе дена, додека не се одлучи која е најдобра и која ќе предизвика најмногу позитивни коментари од неговите пријатели. Можно е да избере некоја од детството или каде што е во друштво со други лица.

Лав

Со сликата со која ја истакнува својата елеганција и раскош, Лавот ќе сака да ве импресионира. Фејсбук е само уште еден начин да се промовирате себеси и да поттикнете восхитување и позитивни коментари од другите. Се разбира, често ќе ја менува профилната слика, со цел да го задржи интересот на своите пријатели и да собере повеќе “лајкови”.

Девица

На Девицата и се допаѓаат слики од пејзажи, без разлика дали го посетила тоа место или сака таму да оди. Нема обичај да ја става сликата од своето лице, но кога тоа ќе го стори, ќе постави слика со идилична позадина, од некое нејзино патување.

Вага

Вагата може да отиде и кај професионален фотограф, со цел да има најубава профилна слика, која ќе ги покаже нејзините карактеристики. Често ја менува профилната слика, за да остане во чекор со својата ментална состојба и моменталното расположение.

Шкорпија

Шкорпијата на својот профил ќе ја постави најмистериозната и секси слика и ако смета дека успеала да се стави во мислите на своите пријатели, ќе остане таму долго време. Добрата работа е во тоа што ќе и помогне да го зголеми бројот на “пријателите”.

Стрелец

Сликата на неговиот профил, која долго нема да ја промени, е онаа која го покажува токму таков каков што е. Сепак, неговите албуми се често ажурирани и со најразлични патувања!

Јарец

Јарецот нема навика често да ја менува сликата од профилот. Сепак, сликата која ќе ја одбере треба да ги исполнува двата критериума : првиот е да се нагласи интензитетот на погледот, а другиот за да ја прикаже неговата професионална дејност. Инаку, најчестата причина зошто Јарец отвора профил на социјалните мрежи е од професионална природа.

Водолија

Водолија се стреми да ги објавува сликите на своите омилени уметници или познати личности на кои им се восхитува. Често го менува и надградува на својот профил, бидејќи на овој начин може индиректно да ги информираат своите пријатели за она што му се случува и како е тој расположен.

Риби

Рибите се големи романтичари на Фејсбук и тоа го докажуваат со поставување на убави и слатки слики или слики од романтични предели. Често го менуваат профилот и надградуваат статусот, објавувајќи слики и песни, со кои ги разнежнуваат своите пријатели.