Променете ги навиките и спречете ја појавата на дијабетес

Овие едноставни чекори може да бидат сето она што е потребно за да останете здрави и да престанeте да се грижите за дијабетесот. Никогаш не е доцна да го промените вашето здравје, на подобро. Зошто да не започнеме денес?

Посветете им внимание на килограмите

Дури и исклучиво дебелите лица имаат 70% помали шанси за развој на дијабетис ако изгубат само 5% од својата тежина, дури и ако не вежбале. Следете колку калории внесувате во текот на денот и консултирајте се со својот лекар кога станува збор за диети.

Изберете го вистинското предјадење

Експертите препорачуваат салата. Јадењето на салата со оцет пред внесувањето на скроб помага во контролата на шеќерот во крвта. Оцетот содржи оцетна киселина која може да  онеспособи одредени ензими кои го забавуваат варењето на јаглените хидрати. Ефектите од оцетот би можеле да се споредат со лековите за намалување на шеќер во крвта.

Ослободете се од автомобилот

Пешачете секој ден колку можете повеќе. Ќе бидете поздрави дури и ако не ја намалите тежината. Едно истражување во Финска покажало дека  луѓето кои неделно вежбале околу 4 часа или 35 минути дневно, за 80% имаат помал ризик од заболување на дијабетес, дури и ако не ја намалиле тежината.

Зачинете го малку својот живот

Циметот може да помогне во контрола на високото ниво на шеќер во крвта. Германските научници проучувале 65 возрасни лица со дијабетес тип 2, кои земале капсула кои содржат еквивалент од 1 g на цимет во прав или плацебо капсули три пати на ден во текот на четири месеци. На крајот се покажа дека кај оние луѓе кои консумирале цимет, шеќерот во крвта била намалена за десет проценти. Кај оние кои земале плацебо нивото се намалило за само 4 проценти .

Намалете го внесувањето на брзата храна

Можете да се извлечете ако понекогаш изедете некоја нездрава храна, но ако тоа го правите редовно ризикот од дијабетес се зголемува драстично. Истражувањето на Универзитетот во Минесота, во кое беа вклучени 3000 луѓе на возраст од 18 до 30 години и траеше 15 години, покажа дека оние кои консумирале брза храна повеќе од двапати неделно добиле по десетина килограми и двојно ја зголемиле стапката на инсулинската отпорност.

Консумирајте повеќе зеленчук

Нека црвеното месо е  нешто што ќе го јадете повремено, но не секој ден. Една студија покажа дека жените кои јадат црвено месо пет пати неделно имаат 29 проценти поголеми шанси за развој на тип 2 дијабетес отколку оние кои јаделе еднаш или поретко. Експертите советуваат да  консумирате повеќе зеленчук.

Покрај овие совети наведено е да се ослободите од стресот, често бидете во добро друштво и редовно испитувајте го нивото на шеќер во крвта.