Слабејте со сензуален Салса ритам

Редовното учество на салса тренинзи ќе ви помогне да се чувствувате секси и истовремено да ослабнете. Салсата е кубански танц, наменет за две личности и е светски познат по сензуалните движења. Некои го нарекуваат „танцот на страста“. Практикувањето на редовни тренинзи кои вклучуваат салса движења е забавен и возбудлив начин да станете поактивни. Ова се 5 работи со кои играњето салса ќе ви помогне да ослабете и да се чувствувате убаво:

Симболизира страст

Салсата е еден од најсензуалните танци, ова е танц помеѓу вас и партнерот од спротивниот пол, во кој се движите заедно на подиумот со движења, кои симболизираат страст. Доколку го изберете сопствениот партнер, како ваш партнер за танц, ќе и даде интимност на вашата врска и ќе ви помогне да се чувствувате убаво и секси.

Ве прави енергични и ве мотивира

Еден од најважните фактори за ослабнување, е честото вежбање. Секоја физичка активност, која ви го забрзува пулсот  и истовремено ги тонира вашите мускули е корисна при процесот на ослабнување. Ако активноста е стимулирачка и пријатна, многу е голема веројатноста, дека ќе ја завршите вашата вежба. Тренирањето со салса чекори, ќе ве мотивира и ќе ве возбудува недела за недела, на тој начин што ќе го забрза отчукувањето на вашето срце и ќе ги зацврсти вашите мускули.

Ја подига самодовербата

Друга предност на танцувањето салса, е дека ја подобрува самодовербата. Со постепеното усовршување на оваа вештина, ќе започнете повеќе да верувате во вашата способност да освојувате нови предизвици. Кога ќе станете доволно самоуверени и свесни колку вредите, ќе продолжите да се мотивирате да се придржувате до вашата диета и тренинг, со цел да ослабнете. Самодовербата ве прави пријателски расположена и попривлечна во очите на другите, со што ќе се чувствувате моќна и секси.

Топи масти и согорува калории

Вежбањето со салса-движењата е ефективен начин на согорување калории и масти. Со тоашто, играњето салса е кардио-интензивно и вклучува многу движење, ќе согорите во просек околу 10 калории на минута. Со триесет минутно вежбање ќе согорите 300 калории, а со 1 час- 600. Кога немате час, може да си ги вежбате чекорите дома, дури и без вашиот партнер, за да согорувате калории секој ден и да ги усовршите салса движењата. Задолжително загревајте се пред да почнете со вежбање и пијте течности.

Охрабрува секси аутфит

Иако нема правила дека мора да носите секси одело на часовите по салса, ако сакате можете, а најверојатно и ќе посакате да носите, доколку ве изберат за натпревар заради долготрајното вежбање. Оделата коишто се носат се светли, шарени, забавни и весели. Доколку облечете вакво нешто, и ја соберете косата наназад и ставите цвет во косата, неизбежно е да се чувствувате секси и убаво.