Совети за безболна депилација

Поради убавите и мазни нозе во текот на летото жените се спремни да се изложат на многу болни и непријатни депилации за отстранување на влакната.Запознајте ги најчестите грешки во текот на депилацијата и отстранувањето на влакна кои ќе ви помогнат ова лето вашата кожа да биде нежна и мека!

Грешка број 1 : Прескокнување на пилинг

Пилингот е најдобра заштита од појава на поткоткожни влакна,без разлика кој метод на депилација сте го избрале.А за да ги спречите во развојот после бричење, користете дневен лосион за тело со овошни киселини бидејки ќе ги отстрани мртвите слоеви на кожата. Ако сте склони на поткожни влакна после депилација со восок, нанесете лонсион на областа која ја депилирате два дена претходно и три дена после депилацијата.

Грешка број 2 : Затегнување на кожата над веѓите за време на кубењето

Затегнувањето на веѓите ја нарушува нивната природна форма па оттука не можете да постигнете симетрија каква што сакате.Потрудете се целосно да го опуштите лицето,за да ја спречите болката поради која ја затегнувате кожата, преку таа област поминете со коцка лед.

Грешка број 3 : Бричење веднаш по будење

Бричењето после утринското туширање го заштедува времето, меѓутоа додека спиете нозете едвај приметно натекуваат, што не е добро за најмалите влакненца. Ако се бричите во вечерните часови ќе постигнете одлични резултати.

Грешка број 4 : Бричење во топла вода

Нема ниту да се опуштите ниту ќе постигнете совршен ефект на депилација ако тоа го правите во топла  вода, нозете лесно ќе ви отечат, а тоа не е добро за отстранување на влакната.

Грешка број 5 : Стар жилет

Колку пати сте заборавиле да го смените жилетот на бричот? Тој мора да биде совршено остар за беспрекорно бричење.

Грешка број 6 : Не сте нанеле пена за бричење

Пената за бричење има големо влијание во отстранувањето на несаканите влакна. Нанесете ја спротивно од насоката на влакната, што ќе ги подигне така да стојат исправено,па бричењето ќе биде најуспешно.

Грешка број 7 : Премногу честа депилација со восок

Секако дека сите доаѓаме во искушение да ги отстраниме влакната, но потрудете се да издржите четири недели и депилацијата со восок секогаш ќе биде успешна.

Грешка број 8 : Депилирање со восок во погрешно време во месецот

Ако ви се приближува месечен циклус, не е вистинско време за депилација.

Хормонални промени, побрз проток на крвта, скоро секоја жена чувствува поголема непријатност пред, за време и по месечниот циклус .Планирајте ја депилацијата во средина на циклусот.