Дознајте како Французинките ја одржуваат тенката фигура. О да, има и сирење и вино!
Познати по фантастичната фигура, речиси како шик начин на живот, Французинките се меѓу највитките жени на планетата. Дукан диетата, која ја смислил францускиот лекар Пјер Дукан, нуди едноставен план кој ќе ви овозможи да ги следите советите за губење на телесната тежина, и не помалку важно, ќе ви помогне засекогаш да се ослободите од вишокот на килограми. Диета која дозволува леб, сирење и тестенини? Да, да! Еве ги принципите на Дукан диетата:
Чекор 1: Фаза на напади
Времетраење: Пет дена
Јадете чисти протеини пет дена по ред. Во исхраната вклучете го посното месо, пилешко, морска храна, јајца, риба и ниско масни млечни производи. Бидете сигурни дека внесувате барем еден и пол литар вода дневно. Потребно е брзо пешачење во траење од 20 минути секој ден, дозволени се вештачки засладувачи, оцет, зачини, лук, кромид, мастики без шеќер за џвакање, се препорачува 1,5 лажиче овесни трици за да се добие чувство на исполнетост.
Чекор 2: фаза на промени
Времетраење: три дена за секој 0,5 кг кои сакате да ги изгубите
Заменете ги “чистите протеински” денови со денови каде ќе комбинирате протеини и зеленчук. Во исхраната вклучете ги доматите, краставицата, аспарагус, тиквички и моркови, но избегнувајте ги компирите, пченката и авокадото. Препорачливо е да се зголеми физичката активност на 30 минути дневно брзо одење и внесување на две лажици овесни трици.
Чекор 3: Фаза на консолидација
Времетраење: пет дена за секој 0,5 кг кои сте ги изгубиле
Во оваа фаза планот на исхрана станува многу поразновиден. Секој ден можете да јадете “чисто протеинска” храна, и зеленчук од фазата на промени . Можете да воведете две парчиња интегрален леб, една порција овошје и 40 грама сирење секој ден. Јадете две порции храна која содржи скроб – како тестенини, леќа, ориз или компир – двапати неделно. Почестете се себе си со два “славенички оброка ” неделно, кога можете да јадете порција со разумна големина на секоја храна по сопствен избор, со чаша вино. Еднаш неделно, се уште треба јадете само протеини во текот на целиот ден.
Чекор 4: Фаза на стабилизација
Времетраење: До крајот на животот
Вратете се на храната по сопствен избор шест дена во неделата, но користете ја фазата на консолидација како “безбедносна платформа”, за да се потсетите на здравата храна која треба да претставува основа на вашата исхрана. Потребно е еден ден во неделата да јадете само чисти протеини. Секогаш качувајте се по скалите наместо со лифт, кога тоа ви го дозволува ситуацијата, и одете дваесет минути секој ден. Исто така, јадете три лажици овесни трици секој ден.