Најдобриот микс од лимон, цимет и мед против акни

Медот е природен антисептик, ја овлажнува кожата без таа да изгледа масно. Циметот веќе илјада години се употребува како пилинг што ги стимулира порите, оревите се добри за смирување на кожата и на воспаленијата, а сокот од лимон ги отстранува мртвите клетки од лицето.

Тоа се намирниците што ви се потребни за да ја направите дома вашата маска против акни. Количеството од нив е следното:

  • Три кафени лажици мед,
  • една кафена лажица цимет,
  • една кафена лажица мелени ореви и
  • сок од лимон (по потреба).

Подготовка на маската:

Во мал сад помешајте ги сите состојки во горенаведените количества. Мешајте сè додека смесата не стане густа и темнокафеава. Потоа смесата ставете ја во фрижидер за да го забрзате процесот на згуснување.

Нанесете ја маската на лице и држете ја половина час. Потоа, исплакнете го лицето и навлажнете го со кремата за лице што ја користите.