Само една навика треба да смениш за да заспиваш лесно и да спиеш цврсто!

Едно по едно, светлата во вашиот дом почнаа да се гасат. Секој член од семејството се прибра во своето царство за да си ја земе дозата заслужен сон. И вие го сторивте истото, но со сила! Часот оттчука полноќ, а тоа ви создаде притисок да му дадете шанса на сонот. Буквално со страв пристапувате кон креветот, бидејќи  однапред знаете што ве чека, одново и одново превртување во темнината. Грешка од старт! Кога одењето во кревет се чини како обврска тешка за исполнување, тогаш вашите несоници полека, но сигурно ќе го заработат епитетот хронични. А тоа е веќе сериозен проблем!

За да се разуверите себеси дека сонот и вам ви следува, обидете се со когнитивно-бихејвиорална терапија. Таа ќе ви го врати сонот така што ќе ви го промени начинот на размислување или протокот на мисли што ве блокираат да заспиете. Целата оваа филозофија се фокусира на тоа да ве научи лесно и брзо да се релаксирате и да го смените животниот стил кој од некои причини ве остава без сон.

Во поголемиот број случаи, нарушувањето на сонот се случува под дејство на емоции како стрес, анксиозност, депресија, а когнитивно-бихејвиоралната терапија ги адресира токму нив. Не се фокусира само на симптомите, туку на изнаоѓање доживотни модели на здраво спиење.

Неодамнешната студија на медицинското училиште Харвард потврди дека когнитивно-бихејвиоралната терапија била далеку поделотворна во однос на третирање на хроничната несоница отколку лековите за спиење. Пациентите забележале подобрување во однос на времето што им е потребно да потонат во сон, но и да останат заспани. Ваквите ефекти траеле и година дена после терапијата.

Како што сугерира и самото име, когнитивно-бихејвиоралната терапија се состои од две компоненти, когнитивна и бихејвиорална. Овој пат ќе се задржиме на првата.

Когнитивна терапија 

Ќе ве научи да ги препознаете, но и да ги промените негативните уверувања и мисли (сознанија) кои ја поттикнуваат несонцата кај вас. Идејата е да го смените начинот на размислување, на тој начин ќе ги смените емоциите што ве водат и сонот ќе стане јаве. Ова подразбира 3 чекори:

Идентификација на негативните мисли. Причината за несоница најчесто луѓето ја сфаќаат премногу сериозно и тоа дополнително го влошува проблемот. На пример, се убедувате себеси дека нема шанси да заспиете ако не се напиете апче. Ако постојано си го повторувате истото, со тек на време ќе станете параноични и навистина ќе стане невозможно да заспиете без апче за спиење. Иако, најверојатно без проблем би заспале и кога некој би ви подметнал бонбона место лек.

Предизвикување на негативните мисли. Во следниот чекор, терапевтот ќе ве научи како да ги проценувате мислите кои ви го нарушуваат сонот. Ова подразбира преиспитување на мислите или барање докази за истите, анализирање на некорисните уверувања и проверка колку навистина негативните предвидувања може да бидат реални.

Замена на негативните мисли со реални. Откако ќе ги идентификувате негативните аспекти во мислите кои служат како пречки, идејата е да ги замените со нови, попрецизни и позитивни мисли. Вашиот терапевт ќе ви помогне да смислите нови, реални, смирувачки мисли кои ќе си ги кажувате себеси пред спиење.

Еве како тече процесот на предизвикување на негативните мисли:

Нереални очекувања

  • Негативна мисла: Па би требало да заспивам како и секој нормален човек.
  • Мисла за враќање на сонот: Сите луѓе повремено се мачат со несоница, со малку пракса ќе се вратам на старо.

Претерување

  • Негативна мисла: Секоја вечер истото, до кога вака ќе се мачам, ќе полудам.
  • Мисла за враќање на сонот: Ќе биде подобро, во неделата баш спиев добро.

Драматизирање

  • Негативна мисла: Ако не поспијам барем малку, ќе потфрлам и ќе останам без работа.
  • Мисла за враќање на сонот: И без сон можам да издржам на работа, па не мора да спијам, доволно е што ќе одморам.

Безнадежност

  • Негативна мисла: Јас изгледа до крајот на животот заглавив со несоница.
  • Мисла за враќање на сонот: За несоница има лек, само треба да се потрудам и ќе ми успее.

Предвидување

  • Негативна мисла: Знам дека ќе ми треба еден час за да заспијам вечер.
  • Мисла за враќање на сонот: Не знам што ме чека ноќва, може и брзо ќе заспијам со новите техники што ги научив.

За најлесно да ги препознаете сите преперки кои ви го загрозуваат сонот, експертите советуваат да водите дневник. Не прекоскнувајте ги деталите, бидејќи може да откријат многу. Бидете реални со себе, никој не вели дека е лесно една мисла да се замени со нова, особено ако е врежана, но клучот лежи во редовната пракса. Пробајте уште вечер.

И не заборавајте во дневникот да допишете дека почнавте да пиете и Dr. Viton Magnezan B6. Чудотворната таблета во која се искористени двете најдобри состојки кои го релаксираат умот, нервниот систем, мускулите, мозокот. Магнезиумот ги опушта мускулите така што ја зголемува функцијата на главниот инхибиторен невротрансмитер – гама-аминобутирна киселина. Од истите причини, магнезиумот има потенцијал да влијае на анксиозноста и на ПМС симптомите. Ниското ниво на гама-аминобутирна киселина се поврзува со депресијата, па земањето магнезиум е проверен начин да се поттикне нејзината продукција.

Витаминот Б6 се заснова на вода и затоа лесно и брзо се апсорбира, а патем ја олеснува и апсорпцијата на магнезиумот за 40 %. Бидејќи го смирува нервниот систем и ги отстранува болните грчеви и тензијата во коските и мускулите, истото што го прави и магнезиумот, ефектот во пар е двојно поголем.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)