Сакате да пробате диета од некоја славна личност? Ќе се откажете, штом започнете!

Ребека Хантингтон не е ѕвезда, но јаде како таква. Писателката одлучила да проба 14 диети на познати личности и еве какви се нејзините впечатоци.

– Сите се прилично чудни…поради сите нив бев гладна цело време, вели Ребека.

Таа пробала различни диети, од оние кои ги практикувала Грета Гарбо до оние на Камерон Дијаз. Секоја диета ја држела 10 дена, иако некои режими на исхрана не успеала да ги издржи неколку дена. Своите забелешки ги објавила во книгата „Јас ќе земам она што таа го има : Моите авантури со диетите на славните (“I’ll Have What She’s Having: My Adventures in Celebrity Dieting”.)“.

ДИЕТА НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ

Дизајнерката наводно се придржува на „диета од пет грста“ што значи дека секој ден јаде пет грста протеини. Можете да јадете зеленчук колку што сакате, ни и месо и морски плодови се ограничени на тоа колку може да собере во една рака (шака).

Оцена : Многу, многу тешка диета. Тоа се многу мали количини на храна.

ДИЕТАТА НА МАДОНА

Кралицата на попот држи макробиотичка диета, која ги елиминира производите од животинско потекло, а подразбира многу овошје и зеленчук.

Оцена : Бев многу, многу гладна. Јас ги сакам производите од животинско потекло и многу ми недостасуваа.

ДИЕТА НА ГВИНЕТ ПАЛТРОУ

Актерката е чувствителна на глутен, јајца и уште неколку производи, па затоа напишала свој „кувар“ во кои има рецепти без тие производи.

Оцена : Нејзината диета е многу вкусна, но е многу скапа. Да имам неограничен буџет и јас би живеела на тој начин.

ДИЕТА НА БИЈОНСЕ

Пејачката била на „Master Cleanse “ програм, кој подразбира сок од органски лимон, органски јаворов сируп и лути пиперчиња во прав.

Оцена : Со овој режим на исхрана дефинитивно можете да изгубите килограми, бидејќи не внесувате цврста храна. Успеав да издржам само три дена. Беше ужасно.