Во овој период кога купувањето на основните намирници за храна стана стресно, сигурно покрај брашното заборавивте да купите квасец.
Во некои маркети и е тешко да се најде квасец бидејќи рафтовите се празни, но без грижа може да подготвите и вкусен домашен леб без квасец.
Состојки:
За ферментација:
– 280 мл ладно млеко
– 200 гр бело брашно
За тестото:
– 150 грама брашно
– 25 грама прашак за пециво
– 25 грама путер
– 1 лажичка сол
– малку шеќер
Подготовка:
Со длабок сад помешајте го млекото и брашното (280 мл ладно млеко со 200 грама бело брашно), а потоа покријте го садот и оставете да отстои 30 минути.
За тоа време во посебен сад измешајте ги останатите состојки: брашното, прашакот за печиво, путерот, солта и шеќерот, па по 30 минути додајте ги во садот каде што претходно сте ги измешале млекото и брашното. Мешајте долго додека не добиете хомогена смеса без грутки.
Рерната загрејте ја на 210 Целзиусови степени, а тавата во која ќе се пече лебот премачкајте ја со масло. За тестото да биде супер меко, тавата пред печењето прекријте ја со хартија за печење.
Печете од 30 до 35 минути, а потоа тргнете ја хартијата за печење и оставете го лебот во рерната исклучена на сеуште топла уште 10 минути за да фати убава кора.
Надвор крцкаво, внатре меко. Супер вкусен леб и без квасец!