РЕЦЕПТ: Чоколадна торта за разубавување на врнежливите денови!

Во ваквите врнежливи денови, утехата може да ја најдете во добар филм, добар партнер или добра чоколадна торта. Или во најдобар случај, сите три заедно. За првите две не можеме многу да ви помогнеме, а за третото еве ви го на тацна. Чоколадна торта со крем од путер. Се надевам дека го чувствувате мирисот.

Потребно:

  • 14 лажици топен несолен путер
  • 35гр какао
  • 150гр. кафеав шеќер
  • 3 јајца
  • 85гр сенаменско брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • ¼ лажица сол
  • 60гр. несолен јогурт (павлака за готвење)

За крем од путер:

  • 4 лажици несолен путер стопен
  • 125гр шеќер во прав
  • 50гр какао
  • Малку млеко по потреба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180степени, премачкајте ја тавата за печење со малку путер и наросете какао

Мешајте ги путерот и шеќерот со помош на електричен миксер додека смесата не се соедини

Додајте ги јајцата и мешајте додека смесата не се соедини

Во друг сад додадете ги брашното, какаото, путерот и солта и мешајте додека не се соединат

Измешајте ги двете смеси заедно и додајте го јогуртот или павлаката по желба

Поделете ја смесата во две различни тави подеднакво

За подготовка на кремот, измешајте ги сите состојки со миксер

На едната половина додадете го кремот и поклопете со другата