Долго време се мислело дека мајките треба да почекаат барем шест месеци пред да ги изложат своите деца на директна сончева светлост и да ги мачкаат со креми со заштитен фактор. Но, денес благодарение на новите нежни формули за креми за сончање конечно е можно да го прошетате бебето во текот на денот без некој голем страв дека сонцето ќе му наштети.
Спасот дојде во вид на крема со висок заштитен фактор базирана на формула која одговара на кожата и која не содржи вообичаени алергенси. Доколку бевте и до сега внимателни кога ја одбиравте кремата за сончање, веруваме дека сега ќе бидете дополнително внимателни.
Важно е од кого ја купувате
Производите за деца купувајте ги задолжително во аптека, ако имате потреба да се консултирате со фармацевт. Пред тоа разговарајте со дерматолог која заштита е најприменета за мали бебиња. Доколку вашата исхрана негативно делува на одредени состојки, избегнувајте ги. Во суштина, пожелно би било да почнете да користите природни производи или барем оние кои не содржат многу силни хемикалии. За да не ја иритирате кожата на вашето дете, како и околу очите, избегнувајте ги производите со неоргански филтери како што се цинк оксид и титаниум диоксид.
Внимавајте колкав е заштитниот фактор
Заштитниот фактор 30 е најчестиот избор. Исто така, не е доволно само еднаш да ставите од кремата, туку морате да ја обновувате на секои два часа. Поради тоа, важно е да се нагласи дека треба да се избегнуваат креми кои покрај заштита од сонце овозможуваат и заштита од инсекти, бидејќи производите кои ја штитат кожата од инсекти се доста јаки и поради тоа по правило не се обновуваат. Тоа е уште еден доказ дека мулти-практичните производи, особено оние кои се наменети за деца, всушност и не се толку потребни.
Кремата не е доволна!
Барем не кога станува збор за бебиња. Нивните мали глави мора да ги заштитите со капчиња, а кога се во количка задолжително прекријте ги со тенка прекривка за да ги сочувате нивните рачиња и нозе. Исто така, избегнувајте шетање помеѓу 10 и 15 часот за да го избегнете најсилното сончево зрачење. Дури е потребно и оние малку постари бебиња да ги чувате на сличен начин. Додека ние постарите можеме да шетаме по плажа облечени само костим за капење, бебињата мора да имаат прекриени раце и нозе. Покрај тоа, немојте да мислите дека очилата за сонце за деца се бесмислен производ. Тие имаат голема функција во зачувување на видот и заштита од ултравиолетовите зрачења.
Сведете го директниот контакт со сонцето на минимум
Тоа значи дека детето можете да ги изнесувате надвор и преку ден, но мора да го чувате од силните сончеви зраци. Доколку забележите дека вашето бебе црвенее во лицето, задолжително да го вратите во лад, и тоа што поскоро! Сепак, повремено кратко сончање е неопходно поради тоа што сонцето му е неопходно за здравје и напредок. Сончевите зраци го активираат производството на витаминот Д во кожата кој е неопходен за здравје на вашето дете, а веруваме дека нежниот допир на сончевата светлина исклучително ќе му годи на вашето бебе и веднаш ќе и ја даде неизбежната насмевка!