Да се биде искрена или расипана: Кој е вистинскиот пат до машкото срце?

Постои ли вистинска и погрешна тактика со која можеме да задржиме маж или доволно е да бидеме она што сме?

Не му одговарајте на пораки барем три часа! Не му се јавувајте кога е со пријатели! Не се однесувајте како да сте премногу заинтересирани, тоа е погрешна тактика и никако немојте да го правите првиот чекор или први да му праќате порака, тоа е навистина очајно!

Се чини дека има се повеќе и повеќе правила, а помалку спонтани потези. Да го поминете времето со некој којне ве прави среќна и не е толку едноставно, бидејќи без вистинска тактика, тој ќе изгуби интерес, а вие ќе останете сами, поразени и искористени.

Точно е, никој од нас не сака да верува во сето ова, но факт е дека сите сме се обиделе да бидеме природни и без воопшто преправање и претварање дека сме она што не сме, но како сето тоа завршило? Останавме сами, разочарани и тажни? Токму така. Се чини дека не ни дозволено да го покажеме своето вистинско лице и да забораваме на играта „топло-ладно“, доколку посакаме да бидеме пожелни.

[rpi]

Проблемот со играње „љубовни игри“ е тоа што морате да се подготвите на губење. Ако сте премногу зафатени со изигрување недоприлива и неостварлива, нема да имате време да уживате во ситници кои љубовта ги носи.

Можеби сакаме да се чувствуваме пожелно, но тоа не би требало да го правиме поради погрешни причини. Не би морале од некого да правиме роб на љубовта, ако е тој вистинскиот за вас, ќе ве сака баш таква каква што сте.

Заклучок? Не постои вистинска тактика. Ние сме за вашето природно „јас“, а повремените игри (додека се е со мерка) може само додатно да го засилат неговиот интерес за вас. На крајот на краиштата, се е поинтересно кога се чини дека е нешто недостижно.