Производи кои ја зголемуваат енергијата на вашето тело (1 дел)

Иако сите знаеме што е најдобро за нас, во кризните ситуации –кога ќе почувствуваме силен глад – најчесто им подлегнуваме на искушенијата и брзите решенија. Најчесто тоа се мрсни и благи производи (бисквити, чоколади, кафе), кои навистина го задоволуваат гладот – но,накратко. Покрај тоа оваа навика предизвикува големи осцилации на нивото на шеќер во крвта, а потоа и многу поизразен недостаток на енергија , отколку на почетокот на овој волшебен круг.

Експертите истакнуваат дека изразената потреба за шеќер и кофеин се јавува како последица на дефицит од хранливи материи – кога не ги земаме од тоа што ни е потребно од „правата“ храна. А видовите на правата храна зависат од годишното време и индивидуалните потреби.

Значи, кога следниот пат ќе почувствувате дека ви недостига енергија, избегнете ги чоколадото и кафето и земете еден од овие десет супер видови на храна.

1. БРОКУЛА -Богата е со хранливи материи, пред се со витамин Ц, кој докажано ја зголемува апсорпцијата на железото во организмот и така го намалува чувството на слабост. Исто така витаминот Ц го поттикнува лачењето на адреналин, што овозможува одржување на нивото на енергија во стресни ситуации. Покрај тоа, овој зеленчук е одличен извор на енергија , а не е млечен.

2. КАФЕАВ ОРИЗ – Оваа житарка е комплексен јаглен хидрат богата со растителни влакна, манган, аминокиселини и магнезиум (битен елемент за многубројни клеточни функции, вклучувајќи го и производството на енергија).Кога се комбинира со посни протеини како што се: тофу, риба или пилешко, оризот претставува целосен оброк.

3. ЈАЈЦА – Освен високата содржина на протеини и холини кои се од витално значење за функцијата на мозокот(посебно меморијата), јајцата содржат тирозин- аминокиселина која овозможува создавање на норепинефрин и допамин, два хормони кои ги подобруваат менталните функции и ја одржуваат енергијата.

4. ЗЕЛЕН ЧАЈ – Идеален напиток за опуштање и одржување на нивоата на енергија. Малку околу 30 мцг и теанин – аминокиселини кои ги стимулираат габите ( смирувачка молекула во мозочните клетки) создаваат чувство на опуштеност и го подобруваат расположението и конгетивните способности. И покрај тоа, зелениот чај го стимулира метаболизмот, со што го забрзува процесот на слабеење.

5. ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ – Оваа житарка, освен што е погодна за доручек, може да се користи како додаток на разни јадења – во чорби, како замена за тестенини или ориз, во леб или пецива, во разни видови колачи и кекси. Во основа комплексни јаглено – хидрати, овесните снегулки содржат и растворливи билни влакна и незаситени масти, кои на организмот му обезбедуваат доста енергија. Исто така, овесните или зобните снегулки содржат витамин Б – комплекс.