Природен рецепт од магдонос и мед за здраво срце

Рецептот е 800 години, a колку успешно помага со проблеми со срцето, со причина лекарите и понатаму го препорачуваат …

Рецептот потекнува од калуѓерката Хилдегард фон Бинген која живеела пред 800 години, а до ден денешен го пренесувале и познати лекари.

Овој природен лек за срцето се покажал успешен за срцевите заболувања. Се употребува кога ќе почувствувате било какви проблеми со срцето, како што се прободувања, треперења, прескокнувања покрај стресот. Добар е и кај ангина пекторис.

Состојки :

– 10 стебла свеж магдонос (без корен)

– еден литар домашно црвено или бело вино,

– две лажици вински оцет,

– 300 гр. природен мед.

Подготовка : Десет свежи стебленца од магдонос заедно со листовите ставете ги во еден литар чисто природно вина и додадете 1-2 големи лажици чист вински оцет. Гответе 10 минути на тивок оган (бидете внимателни, може да почне да се пени). По додавањето на 300 гр. вистински мед од пчела и оставете да се готви на тивок оган уште 4 минути.

Топлото вино процедете го и уште топло ставете во шишиња, кои претходно се измиени со силен алкохол. Добро затворете. Талогот кој се формира не е штетен и може слободно да се пие.

Употреба :

Пијалакот се користи секојдневно,  по една супена лажица додека не престанат симптомите. За посериозна болест неопходно да се користи подолг временски период.