Покрај тоа што е одличен додаток на исхраната, односно на разни јадења, лукот е совршен борец против многу болести и здравствени проблеми. Тоа е добро познато дека ги убива бактериите и го зајакнува имунолошкиот систем, но можеби не сте знаеле дека помага и за овие т.н. „мали“ проблеми. Дали го сакале него или не, добро е да се консумира од време на време, а сите ние би требало да го имаме во кујната.
Го стимулира растот на косата
Имате проблеми со слаба коса или нејзино опаѓање, земете лук. Всушност, благодарение на високото ниво на алицин, лукот ефикасно го решава проблемот на губење на косата. Исецканиот лук втријте го во скалпот или пак измешајте лук и маслиново масло, а оваа мешавина нанесете ја на скалпот и оставете ја неколку минути и потоа исплакнете ја.
Чисти акни
Лукот е одличен лек за регулирање на овој проблем. Со антиоксидансите кои ги има во изобилство ги елиминира бактериите. Како и кај скалпот, лукот можете да го втриете на проблематичните делови на кожата неколку пати на ден, а наскоро ќе забележите подобрување.
Ја сопира настинката и побрзо ја лекува
Исто така, поради своите богати количини на антиоксиданси кои ги содржи, лукот го зајакнува имунитетот доколку го вклучите во секојдневната исхрана. Ако веќе имате настинка, чајот од лук сигурно ќе ви помогне. Неговата подготовка е едноставна : во зовриена вода ставете исецкан лук, процедете го и пијте. Додадете му на пијалакот малку мед или ѓумбир за подобрување на вкусот.
Го лекува атлетското стапало
Со оглед на тоа дека лукот има антигабични својства, ефикасен е во лекувањето на микоза (атлетско стапало). Измијте ги нозете во бања со млака вода и истолчен лук.
Лек за херпес
Ситно исецкајте чешне лук и нанесете го на болниот плик. Отстранете го по десет минути и исплакнете со топла вода. Повторувајте го тоа пет пати во текот на денот, а херпесот ќе исчезне во период од дванаесет часа, „како со раце однесен“. Ако се работи за поголем херпес, повторете ја постапката за два дена.