Пиеш антибиотик за да уништиш некоја лоша бактерија, но истовремено ги уништуваш и оние добрите во стомакот. Затоа, најверојатно пиеш и пробиотик.
Дали мислиш дека со тоа си завршил работа? Дали мислиш дека пробиотикот е навистина доволен да го заштитиш дигестивниот систем?
Веројатно никој не ти кажал дека неопходен ти е пребиотик, бидејќи без него пробиотикот не може да опстане и да ја заврши својата задача.
Пред да го прогласиш пробиотикот за слаб и да потрчаш во аптека по нов, напиј се Dr. Viton – Bio Fiber и сам воочи ја разликата.
Bio Fiber, пребиотикот на Dr. Viton, е најдобриот партнер за било кој пробиотик што го имаш дома.
Пребиотикот Dr. Viton – Bio Fiber е храната што му е неопходна на пробиотикот за да заживее во стомакот и да ги заштити цревата од потенцијалната дијареа и останатите нус појави поттикнати од антибиотиците.
Според ова, неопходно е пребиотикот да ја следи секоја антибиотска терапија, бидејќи само со него стомакот е целосно заштитен, а имунитетот поткрепен.
Периодов, речиси и да нема човек кој не се соочува со стомачни тегоби и проблеми, особено што и за вирусни инфекции почнаа да се пијат антибиотици. Од друга страна, здравата цревна микрофлора е клучна за стабилен и ефикасен имунитет.
Ова сфати го како уште еден аларм дека пребиотикот или растителните влакна, мора да станат дел од твојата исхрана, не само како лек, туку и како превенција.
Dr. Viton – Bio Fiber e 100% природен пребиотик во прав кој содржи растителни влакна од акација. Овие растителни влакна изобилуваат со мноштво микро и макронутритиенти со кои се хранат добрите бактерии во стомакот. Кога добрите бактерии го чинат мнозинството на микрофлората, варењето на храната се одвива непречено, а имунитетот зајакнува.
Ваквиот ефект на Dr. Viton – Bio Fiber пребиотикот е особено пожелен кога стомакот е оставен на милост и немилост на антибиотиците!
Како антибиотиците го расипуваат стомакот?
Антибиотикот лекува така што ја убива бактеријата или го спречува нејзиниот раст. Сепак, антибиотиците не се доволно паметни за да прават разлика помеѓу добрите и лошите бактерии, па убивајќи ги лошите, погубно завршуваат и оние добрите во стомакот.
Менувајќи ја цревната микрофлора, антибиотиците поттикнуваат дијареа, отежнато варење на храната, болки во желудникот, гадење, плус вагинални габични инфекции (најчесто кандида).
Зошто ефикасноста на пробиотикот зависи од пребиотикот?
За да ја заштитиш цревната микрофлора од антибиотиците, но и за да поттикнеш поефикасен имунолошки одговор, докторот ќе те советува антибиотикот да го комбинираш со пробиотик.
Пробиотикот во суштина е жив микроорганизам кој неможе да опстане без храна. И тука на сцена настапува пребиотикот или растителните влакна кои им служат како храна на пробиотиците.
Без пребиотик, пробиотикот или воопшто нема да делува или ќе делува многу слабо, бидејќи нема да биде доволно силен за да се намножи и да ги потисне лошите бактерии.
Како пребиотикот делува самостојно?
Ако на пробиотикот му е потребен пребиотик за да опстане, на пребиотикот не му е потребен никој! Тој делува самостојно и секогаш во твоја полза.
Затоа, Dr. Viton – Bio Fiber освен како поддршка за пробиотикот, служи и како замена за истиот, што не може да биде случај обратно.
Растителните влакна од акација се храна за сите добри микроорганизми што живеат во твојот стомак, без разлика од каде тие потекнуваат.
Ензимите во желудникот не ги деградираат пребиотските растителни влакна и затоа тие, додека поминуваат низ системот за варење, ги апсорбираат сите штетни материи како остатоци од лекови кои преку столицата треба да се исфрлат од организмот.
На овој начин, преботикот создава идеална средина за раст на добрите бактерии и истовремено придонесува за поголема апсорпција на витамините и минералите од храната што е уште еден клучен фактор за силен имунитет.
Dr. Viton – Bio Fiber можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/
Dr. Viton – Bio Fiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)