На вакво време нема на кој не му годи да биде облечен со топли чорапи на нозете. Според новото истражување, не е само во удобноста, туку исто така, и потенцијални здравствени проблеми, бидејќи е докажано дека студените нозе го зголемуваат ризикот од добивање на грип.
Според зборовите на д-р Рон Еклес кој го проучувал случајот повеќе од 25 години, слабата циркулација може да предизвика разни болести, бидејќи луѓето имаат вируси и бактерии во себе кои студените нозе ги активираат и тогаш доаѓа до проблеми.
„Кога температурата во телото ќе се намали, доаѓа до промени во целото тело, а всушност се почнува од нозете“ објаснува д-р Еклес.
Според докторот, во студените зимски денови, многу е важно да се загреат нозете, па и да се облечат два пара чорапи, доколку е прилично ладно во куќата.
„Кога стапалата ќе се оладат, вените во носот се стеснуваат тој процес се забавува за да падне температурата во телото, а белите крвни зрнца кои се борат против инфекциите се наоѓаат токму во крвта, па така се намалува имунитетот“објаснува д-р Еклес.
Според една студија спроведена од страна на д-р Рон Еклес, вдишувањето на ладен воздух нема негативен ефект врз имунолошкиот систем, како што е ладењето на телото од надвор.
Затоа слободно може да уживате во сладолед и во зимските денови.